„Трамп ја подвива опашката“: Дали САД ќе го нападнат Иран?
20 јуни 2025Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови доведоа до шпекулации за тоа дали и кога САД ќе интервенираат во вооружениот судир на Израел против Иран. Во четврток, тој зборуваше за одлука во рок од две недели. Новинар на прес-конференцијата во Белата куќа го постави прашањето што им беше на ум на многумина: „Во врска со Русија, претседателот постојано даваше двонеделни рокови. Како можеме да бидеме сигурни дека тој ќе се држи до нив сега кога донесува одлука за Иран?“
Портпаролката на Трамп, Каролин Ливит, одговори на познат начин: „Ова се два одделни, комплексни конфликти што претседателот ги наследи од својот некомпетентен претходник. И претседателот инвестираше многу време и труд во справувањето со нив."
Ова се однесуваше, секако, на Џо Бајден, кого актуелниот претседател и неговиот внатрешен круг сè уште го обвинуваат за целото зло.
„Трамп ја витка опашката меѓу нозете"
Зад прашањето лежи фраза што Доналд Трамп воопшто не ја сака: „Трамп секогаш се двоуми“, или, накратко, „Тако“. Грубо преведено, „Трамп секогаш ја пика опашката меѓу нозете.“ Претходно користена во однос на масивните закани на Трамп со царини, кои тој постојано ги омекнуваше кога погодените земји се спротивставуваа. Ова е проблем, исто така и во сегашната криза со Иран, вели Џон Болтон, советник за безбедност за време на првиот мандат на Трамп во САД: „Мислам дека ајатоласите сега чекаат да видат дали ова е уште еден момент во стилот 'тако'. Тој чека тие да се повлечат - и тие, пак исто така. Јас директно би учествувал во нападот на Израел врз Иран. И можеби би го сторил тоа пред 20 години“, вели јастребот Болтон. Тој е запознат со однесувањето на Трамп во слични ситуации – и со кавга ја напушти Белата куќа по само година и пол. „Тој едноставно не ги сака одлуките што не може да ги поништи следниот ден.“
Дали рокот дозволува простор за преговори?
Но, постојат и други гласови во врска со двонеделниот рок на Трамп. Лаура Холгат работеше за претседателите Барак Обама и Џо Бајден во Меѓународната агенција за атомска енергија. Во гостување на Си-Ен-Ен, таа се надева дека сега има простор за договорно решение: „Нападот врз подземните нуклеарни објекти во Фордо само би предизвикал одложување. Нема да успее целосно да ја елиминира иранската нуклеарна програма, знаењето што го стекнале. Постои група луѓе кои можат да се справат со овој материјал. Тој не исчезнува само така.“ Без нов договор, постои ризик нуклеарната програма да продолжи во тајност. Многу И многумина Демократи сега се надеваат и дека претседателот ќе ја откаже воената операција. На крајот на краиштата, тој всушност сака договор, а не оружје, вели Џеф Меркли, член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот. „Тој сака да биде преговарач и да донесе мир. Или сака да влезе во историјата како уште еден републикански претседател кој попушта под притисокот и се лизга во војна на Блискиот Исток?“ Демократскиот сенатор се осврнува на Џорџ Буш и неговиот син Џорџ В. Буш, кои двајцата започнаа војна со Ирак. Што ќе одлучи Доналд Трамп сега? Неговата портпаролка нема дефинитивен одговор. „Ако претседателот види можност за дипломатија, ќе ја искористи.“ Но, тој исто така не се плаши да покаже сила.
Автор: Волфганг Ландмесер, ВДР