Дека се заманá, дека се запустѝ? Класична разговорна фраза што ќе ја слушнете низ Гевгелија. А, дотаму нѐ одведе потрагата по тоа што значи да се „гевгелисуваш“? Според професорот Стечо Стефанов, има дури над 100 начини како да се „гевгелисуваш“. И тоа го отсликува низ неговата трилогија на книжулиња за гевгелискиот дијалект и бидување.