Среде кризата со јајца во САД, украдени 100.000 јајца
6 февруари 2025Полицијата во американската сојузна држава Пенсилванија трага по извршителот/лите на кражбата на 100.000 органски јајца, која што се случи пред четири дена. Кражбата се случи во време кога поради епидемијата на птичји грип во САД фармерите мораат да еутаназираат милиони кокошки месечно, со што цените на јајцата се повеќе од двојно повисоки од нивната цена пред година и половина.
Полицијата во Пенсилванија бара информации од населението за сѐ што би можело да биде поврзано со кражбата, а се сослушуваат и можни сведоци и се прегледуваат снимки од местото на кражбата. „Во мојата кариера досега не сум слушнала за кражба на сто илјади јајца. Ова е дефинитивно уникатно“, изјави портпаролката на полицијата во Пенсилванија, Меган Фрејзер.
Јајцата беа украдени во саботата (1.02) вечерта од приколка на компанијата Pete & Gerry's Organics. Компанијата соопшти дека соработува со органите за кривичен прогон во истрагата.
Во САД, просечната цена на десет јајца на крајот на 2024 година стигна до 4,15 долари, што е двојно повеќе од цената во летото 2023 година. Американското Министерство за земјоделство предвидува дека поради недостигот цената на јајцата годинава ќе порасне за уште 20%.