You need to enable JavaScript to run this app.
Прескокни до содржината
Прескокни до главната навигација
Кон други страници на DW
Најнови видеа
Региони
Северна Македонија
Балкан
Германија
Европа
Рубрики
Политика
Економија
Општество
Животна средина
Панорама
Во фокус
Војна во Украина
Balkan Booster
Избори 2024
Најнови видеа
ТВ во живо
Реклама
Фотографија: picture-alliance/W. Rothermel
Србија
Србија, официјално Република Србија, е европска континентална држава во југоисточна Европа
Прескокни го блокот Сите содржини на оваа тема
Сите содржини на оваа тема
Српското (не)видливо дистанцирање од Додик
Во предизборната кампања во Република Српска Белград не сака отворено да поддржи никого, затоа што ако неговиот фаворит загуби на изборите, можни се дополнителни проблеми во односите со РС, оценуваат српски аналитичари.
АИ: Србија и Косово да спроведат истрага за исчезнатите лица
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на исчезнатите лица. Организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешнл притоа побара од некои земји, меѓу нив и Косово и Србија, да сторат повеќе за овој проблем.
На седницата за Косово - расправија за улогата на Русија
Шефовите на дипломатии на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Енвер Хоџај за време на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово, влегоа во расправа поврзана со актуелната криза во Украина.
За која жандармерија и‘ се извини Тадиќ на Македонија?
Македонските медиуми извинувањето на Тадиќ го поврзаа со времето на кралска Србија, а српски, пак, велат дека требало да се извини за инволвираноста на српската жандармерија во конфликтот во 2001 година во Македонија.
Србија нема да го субвенционира извозот кон Русија
Србија ќе ја почитува волјата на ЕУ и нема да дава субвенции за извоз на своите производи во Русија, но истовремено нема да воведе санкции за Москва, порача српскиот премиер Александар Вучиќ.
Србија доби демарш од ЕУ поради извозот на храна кон Русија
Србија ќе го разгледа барањето на ЕУ, земјата да не поттикнува извоз на штета на Унијата, по што владата ќе заземе став, изјави шефот на српската дипломатија Дачиќ.
ДНК-тестови за „здрава“ Србија
Во политичката програма на владејачката Српска напредна партија можат да се најдат рецидиви од идеологијата која експертите ја толкуваат како заговарање на еугеника - генетско подобрување на населението.
Четници во „мировна“ мисија во Украина
Доброволци на српското Четничко движење учествуваат во борбите на истокот на Украина и тврдат дека нивнтие намери се „хуманитарни и мировни“. Српската власт и експертите ги сметаат за платеници.
Политичката криза на Косово не ги забавува евроинтеграциите на Србија
Еврокомисијата очекува дека „косовското поглавје“ нема да го блокира почетокот на преговорите на Србија со ЕУ. „Србија веројатно во првата половина на 2015. треба да ги отвори првите поглавја“, порачуваат од Брисел.
Српска шпага меѓу Москва и Брисел
Растат тензиите меѓу Русија и ЕУ. Србија, кандидатот за влез во ЕУ, сака да ги негува односите со двете страни, па не се приклучи кон европските санкции против Москва.
Засега неисполнети ветувања на новата српска влада
Кога сѐ ќе се собере и одземе во врска со првите сто дена на Владата на Србија, може да се каже дека многу нешта се само започнати или ветени. Затоа малкумина се подготвени да дадат висока оценка за учинокот на владата.
Прекројување на медиумската сцена по брза постапка
Неделава српското Собрание расправа за сет медиумски закони со кои се предвидува повлекување на државата од медиумите, проектно финансирање и такса за јавните сервиси. Според новинарските здруженија, фали транспарентност
Економијата во ЈИЕ „трча маратон низ угорнина со ветар в гради“
„Населението старее, луѓето се отселуваат: Србија како и многу земји во Југоисточна Европа се бори со економска мизерија“, се вели во текстот под наслов „Напуштени предели во Србија“ во весникот „ФАЦ“.
Првата светска војна - различни толкувања во балканските учебници
Дали атентаторот од Сарево беше херој или терорист? Кои се причините за Првата светска војна? Учениците во јужноевропските држави како Романија, Србија, БиХ и Бугарија во своите учебници добиваат различни одговори.
Малодушна политика на ЕУ кон Западниот Балкан
Швајцарскиот „Ноје Цирхер Цајтунг“ донесува опширна анализа за економската состојба на просторот на Западниот Балкан и го критикува однесувањето на ЕУ во процесот на проширувањето.
Поплавите во Обреновац - заборавена приказна?
Првите исплати на помош за штетите од поплавите се очекуваат за десетина денови. Србија за санација на штетите од донаторите и ЕУ- фондови ќе добие околу 200 милиони евра, но ќе мора и дополнително да се задолжи.
Партиското симнување и качување во Србија
Громогласна беше најавата на новата српска влада дека ќе спроведе департизација. Меѓутоа функциите во јавните претпријатија повторно се поделени на лојални членови на партијата на власт – и тоа во процент од 98 отсто.
Оставка пред банкротот на Србија?
Многу ветувања, а буџетот е се’ потенок. Полуреформи, популизам, недостаток на инвестиции и економски раст - таа приказна може да се заврши многу неславно за Србија, сметаат економски експерти со кои разговараше ДВ.
Донаторите ветија 1,8 милијарди евра за БиХ и Србија
Владите на повеќе од 60 земји од светот и десетина меѓународни организации им ветија на Србија и Босна и Херцеговина донации од 1,8 милијарди евра за санација на штетите од пролетните поплави.
Тачи: Србија заостанува во остварување на договорот
Премиерот на Косово Хашим Тачи и помошничката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд разговараа денеска во Приштина за Косово, преговорите меѓу Косово и Србија, и за соработката меѓу Косово и САД.
Нова епизода во негирање на геноцидот во Сребреница
Во значаен дел од српското општество, веќе 19 години се негира злосторството во Сребреница и се реафирмира четничкото движење, сметаат експертите. Затоа, велат, не изненадува последниот насилен инцидент во Ваљево.
Србија потпиша договор за Јужен тек
Претпријатието „Јужен тек“ вчеравечер (8.07) со компанијата „Центргаз“ потпиша договор за изградба на крак на гасоводот Јужен тек во Србија.
Право на азил - да, но само за прогонуваните!
Скандал ли е заострувањето на правото на азил во Германија, како што тврдат критичарите? За Феликс Штајнер скандалот не е во тоа азилантите од Западен Балкан да можат побрзо да бидат вратени во татковината.
Борба за превласт во српската полиција
Дали смената на началниците на пет управи во српската полиција е „ресетирање“ на полицискиот систем или отворање простор за свои кадри? Кој досега ги штитеше полициските генерали?
Хрватска не смее да значи крај на ЕУ-проширувањето
Пред една година ЕУ го доби најмладиот член. Но, никој не слави, ни во Хрватска, ниту во ЕУ. Сепак, отрезнувањето не мора да значи нешто лошо, смета во коментарот Кристоф Хазелбах.
Сеќавања со националистички предзнак
Сараево се сеќава на атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник пред 100 години. И притоа неизбежно се судира со сеќавањата на војната во 1990-тите.
ЕУ не ги заборава поплавените региони во Србија и во БиХ
Претседателот на Европската комисија во заминување, Жозе Барозо, во недела (29.06) ќе го посети Обреновац, српскиот град погоден од минатомесечните поплави. Kаква помош од ЕУ навистина можат да очекуваат Србија и БиХ ?
Штрајк во Србија – три дена нема судења, истраги и сослушувања без адвокати
Адвокатите во Србија од денеска стапуваат во тридневен штрајк во знак на протест поради одлуката за зголемување на данокот за паушално плаќање на давачки, но и поради тешката состојба во правосудството.
Дали се уставни намерите на германската влада за азилантите од Балканот?
Владата во Берлин сака да ги прогласи Македонија, Србија и БиХ за сигурни држави и со тоа да ја забрза постапката за азил. Експертите не се единствени околу прашањето - дали е тоа согласно со Уставот?
Србија не мора да избира меѓу ЕУ и Русија
Српскиот вицепремиер Дачиќ порача дека членството во ЕУ нема да ги ослаби и прекине врските со Русија. Шефот на руската дипломатија Лавров: Русија и Србија ја потврдија неопходноста за реализација на „Јужен поток“.
Лавров во Белград
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров попладнево (16.06.) допатува во Белград. Лавров е во дводневна посета на Србија, а разговорите со неговиот колега Ивица Дачиќ се закажани за утре.
Меркел ја охрабри Србија на натамошни реформи
Србија планира влез во ЕУ најдоцна до 2020. година. Српскиот премиер Александар Вучиќ притоа најмногу се надева на Германија. Но, канцеларката Ангела Меркел сака претходно да види реформи.
Јужен поток: Србија игра „и ваму и таму“?
По прекинот на работите околу Јужен поток од страна на Бугарија и Србија го одлага почетокот на изградбата на гасоводот. Сепак, формална одлука за такво нешто - нема.
Македонците без шанси за добивање азил?
Берлин се обидува да го реши проблемот со зголемениот број на баратели на азил од Западен Балкан. Затоа, Македонија, Србија и БиХ од мај се на листата на „безбедни земји“. Невладиниот сектор се противи на оваа одлука.
Бундестагот дебатира за азилантите од Западен Балкан
Германската влада сака да го запре приливот на баратели на азил од Западен Балкан. Тоа се однесува првенствено на Синтите и Ромите. Опозицијата ја критикува владата за овој чекор.
Брисел: Слободата во медиумите е одраз на демократијата
„Ако сакате да дознаете за состојбата со демократијата во некоја земја, доволно е да ја погледнете состојбата со слободата во медиумите“, порачуваат од Брисел и предупредуваат дека со неа се условени евроинтеграциите.
Помош од Германија за настраданите во поплавите на Балканот
БиХ, Србија и Хрватска, само што закрепнаа по војната, повторно се опустошени, сега од разорни поплави. Но, следеше голем бран солидарност, меѓу другото и од Германците, но и од иселениците од поранешна Југославија.
Милошоски: Грција не дозволува влез на Македонија во ЕУ пред Србија
Поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски во интервју за Радио Слободна Европа оцени дека Грција тежнее кон одолговлекување на решението за спорот околу името.
Три милијарди евра штети од поплавите во Србија и БиХ
Европската банка за обнова и развој проценува дека поплавите во двете земји најголеми штети им нанеле на земјоделството, енергетиката и рударството во овие земји.
Лош кризен менаџмент во поплавите?
Водата се повлекува, но во поплавените подрачја во Србија остануваат уништени куќи, улици и мостови. Се‘ поголем број гневни граѓани прашуваат: зошто властите реагираа толку непрофесионално?
„Колку ни беше убаво некогаш...“
Од перспектива на повоената генерација белграѓани, Хрватска делува како земја на мед и млеко, која сепак би ја избегнале. Но, како е да се биде загрепчанец во Белград?
ЕК ќе им помогне на Србија и БиХ со 65 милиони евра
Европската комисија (ЕК) ќе им помогне на Србија и Босна и Херцеговина (БиХ) со помош од 65 милиони евра за отстранување на последиците од поплавите, соопшти Комисијата.
На инвеститорите Србија им е подрага од Хрватска?
Не е тајна - странските инвеститори веќе извесно време гледаат преку Загреб, фиксирајќи го Белград. Зошто Србија денес е поинтересна и поблагодарна за странски вложувања и што тоа зборува за хрватската економија?
Студенти ги расчистуваат поплавените места
Околу 2000 студенти од Универзитетот во Бања Лука се вклучија во акцијата за расчистување по поплавите. Студентскиот кризен штаб ги распоредува младите волонтери на разни локации, како Шамац, Добој, Модрича, Бања Лука.
По поплавите остана пустош
Бројот на загинатите во катастрофалните поплави кои погодија делови од Балканот достигна 57 лица. Луѓето почнаа да се враќаат во домовите. Ги очекува голема операција на чистење
Обреновац - да се спаси што може да се спаси!
На територијата на Србија досега се евакуирани 31.873 лица од загрозените подрачја, поплавени се 2.260 објекти, а загрозени се 1.763, соопшти вчеравечер Министерството за внатрешни работи на Србија. Досега се ангажирани 3.564 пожарникари-спасувачи, 847 возила, 429 пумпи и 141 чамец. Припадниците на спасувачките единици евакуирале 7.450 лица, а спасиле 4.713. Погледнете како изгледа Обреновац сега!
Тврдоглави граѓани или неспособна власт?
Библиски потоп, тоа е хиперболата која ја искористи Александар Вучиќ, српскиот премиер. Додека водата во Обреновац се повлекува и зад себе остава пустош, бесните граѓани ги обвинуваат надлежните за лошата реакција
Закана од епидемии во поплавените региони
Во областите погодени од поплави на Балканот состојбата и натаму е критична. Властите предупредуваат од опасноста од заразни болести и од нагазните мини од војната.
Србија од ЕУ ќе добие една милијарда евра помош
Србија може да смета на една милијарда евра помош од фондот за солидарност на Европската унија заради отстранување на долгорочните последици од катастрофалните поплави.
Босна: Прво ме протера војната, а сега водата
Повеќе од еден милион луѓе на Балканот се погодени од поплавите. Кога водата целосно ќе се повлече на виделина ќе излезат катастрофалните последици од природната непогода. Голем број граѓани ги загубија домовите.
Претходна страница
Страница 34 од вкупно 53
Следна страница