Трамп продава рекламен материјал за изборите во 2028 година
25 април 2025Онлајн продавницата на американскиот претседател Доналд Трамп продава продукти со слоганот „Трамп 2028“ за следните претседателски избори во земјата.
Капите, маиците и држачите за лименки се достапни за купување и покрај фактот дека Уставот на САД им забранува на претседателите да служат три мандати.
Трамп, кој ќе има 82 години во 2028 година, не ја исклучи можноста да се кандидира за претседателските избори во следниот мандат. Тој, исто така, рече дека размислува за прекршувење на Уставот за да го стори тоа.
Што содржи изборниот материјал „Трамп 2028“?
Синот на американскиот претседател, Ерик Трамп, беше фотографиран на социјалните мрежи во четвртокот како носи една од црвените капи, која чини 50 долари.
Блузите, достапни во темно сина и црвена боја, чинат 36 долари, додека држачите за лименки се достапни за 18 долари.
Описот на производот за новата достапна облека гласи: „Иднината изгледа светла! Препишете ги правилата.“
Што вели Уставот на САД?
Амандманот 22 беше усвоен откако Франклин Делано Рузвелт беше избран четири пати.
Рузвелт почина на 63-годишна возраст, на почетокот на неговиот четврти мандат, на 12 април 1945 година.
Амандманот, кој стапи на сила во 1951 година, наведува дека „ниту едно лице не смее да биде избрано на функцијата претседател повеќе од двапати“.
Додека Трамп се чини дека е решен да се обиде да добие трет мандат, промената на најважниот закон во земјата би барала двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот.
Исто така, ќе треба да биде ратификуван од најмалку 38 од 50-те американски држави, што ја прави таа перспектива многу малку веројатна.
Трамп, меѓутоа, рече дека постојат „методи“ за да се овозможи трет мандат и дека „не се шегува“ во врска со својата намера повторно да се кандидира, но додаде: „Имаме долг пат пред нас пред да можеме воопшто да размислуваме за тоа“.