Руте: Русија е долгорочна закана за НАТО
25 април 2025Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Веројатно најважната тема вo нивните разговори: војната во Украина.
Зборувајќи за можен мировен договор меѓу Русија и Украина, Руте, осврнувајќи се на Москва, рече дека „нешто е на маса“. Топката сега е на страната на Русија. Украинците се придржуваат до правилата на играта, нагласи генералниот секретар на Алијансата.
Руте, исто така, зборуваше генерално за својот став за Русија: „Сите ние во НАТО се согласуваме дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО и за целиот евроатлантски регион“.
Руте гледа „целосна посветеност“ на САД кон НАТО
Генералниот секретар на НАТО позитивно зборуваше за американскиот претседател Трамп и улогата на САД во разговорите за војната во Украина. Тој нема впечаток дека американската влада ќе се повлече од преговорите за прекин на агрсорската војна на Русија. Трамп ја проби блокадата, под водство на Трамп преговорите би можеле да се доведат до „позитивен крај“. Руте продолжи велејќи дека постои „целосна посветеност“ на САД кон НАТО и договорната обврска за взаемна помош меѓу членките одбранбениот сојуз, во случај на напад.
По рускиот воздушен напад врз украинскиот главен град Киев со најмалку дванаесет жртви, Трамп побара прекин на бомбардирањето. „Владимир, престани!“, го предупреди тој рускиот претседател Владимир Путин на неговата онлајн платформа Трут соушал. Неколку часа претходно, Трамп, исто така, изјави дека мислио оти САД имаат договор со Русија во повеќемесечните преговори за прекин на војната во Украина.