Руските окупациски власти тврдат дека е заземен Луганск
1 јули 2025Леонид Пашечник, управник назначен од страна на Москва во украинскиот регион Луганск, изјави дека Русија целосно го освоила овој регион. Извештајот за целосно освојување дојде пред два дена, изјави Пашечник на руската државна телевизија. Досега нема потврда од Киев за ваквата информација.
Потврда засега нема ниту од страна на Министерството за одбрана во Москва. Во минатото, официјалната потврда од Москва обично доаѓаше кратко откако локалните окупациски власти ќе известеа за успесите.
Источниот украински регион Луганск делумно беше под контрола на сепаратистите поддржани од Москва уште во 2014 година. Кога избувна војната, Русите успеаја да го освојат поголемиот дел од регионот во рок од неколку месеци. За време на нивната контраофанзива есента 2022 година, Украинците успеаја да вратат некои области северно од Луганск. Сепак, на крајот држеа територија од само неколку квадратни километри
Рускиот претседател Владимир Путин, покрај Крим, кој беше анектиран во 2014 година, за руска територија ги смета и украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.