КултураГерманија
Розенмонтаг во Германија: Километарски карневалски поворки
3 март 2025Реклама
Стотици илјади карневалисти во Рајнската област денеска се забавуваат и ги критикуваат политичарите во Германија и во светот со многу хумор и сатира. Карневалската главна поворка во Келн брои околу 12.500 учесници, кои на насобраните посетители им делат околу 300 тони колачи и бонбони, 300.000 цветни букети и други подароци.