Пукање во училиште во австрискиот град Грац
10 јуни 2025Во средно училиште во австрискиот град Грац претпладнево имаше пукање во кое се загинати неколку лица.
Министерството за внатрешни работи на Австрија сѐ уште нема прецизни информации за бројот на жртвите или на повредените. Весникот „Кронен цајтунг“ пишува дека во пукањето има осум загинати. Австрискиот јавен сервис ОРФ информираше и за повеќемина тешко повредени, меѓу кои и ученици и наставници во училиштето „БОРГ Драјешиценгасе“.
Детали засега нема ниту за напаѓачот, за којшто дел од медиумите јавуваат дека е меѓу загинатите.
Полицијата во меѓувреме јави дека ситуацијата е под контрола: „Во моментов се смета дека се работи за еден напаѓач. Обезбедена состојба - нема опасност“, напиша полицијата на платформата Х. Се вели дека учениците, како и родителите, се згрижени од страна на тим за интервенција во случај на криза.