Првиот работен ден на новиот папа
9 мај 2025Новоизбраниот папа Лав XIV ја започнува својата служба денеска, петок (9 мај, 2025), со својата прва свечена папска миса. Во 11 часот тој ќе одржи богослужба заедно со кардиналите во Систинската капела. Таму, 133 црковни великодостојници со право на глас на конклавата го избраа во четвртиот круг од гласањето во четвртокот попладне.
69-годишникот, со световно име Роберт Френсис Превост, е првиот свештеник роден во САД кој ја предводи католичката црква. Сепак, тој долго време живеел и работел како мисионер, а подоцна и како бискуп во Перу. Покрај тоа, тој го водел августинскиот ред во католичката црква 12 години, а неодамна и Бискупската управа во Ватикан.
Во недела, 267-миот папа повторно ќе се претстави пред јавноста на плоштадот Свети Петар - за време на неговата прва пладневна молитва на централниот балкон на базиликата Свети Петар, беше соопштено во Ватикан.
Во понеделник, тој планира да се сретне со претставници на медиумите од целиот свет. За свеченото ракоположување на новиот папа во наредната недела се очекуваат бројни државници од целиот свет. Првото патување во странство на Лав Четиринаесетти би можело да биде веќе во текот на месецов и тоа во Турција.
Тој на чело на римокатоличката црква го наследи папата Франциско, кој почина на велигденскиот понеделник на 88-годишна возраст.