Мерц и Трамп сакаат брзо да го завршат трговскиот спор
9 мај 2025Германскиот канцелар Фридрих Мерц за првпат телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп. Двете страни се согласиле тесно да соработуваат за да се стави крај на војната во Украина, изјави портпаролот на владата Штефан Корнелиус. „Во исто време, претседателот Трамп и канцеларот Мерц се согласија брзо да ги решат трговските спорови.“, додаде владиниот портпарол . За време на телефонскиот разговор, Трамп му честитал на Мерц за преземањето на функцијата германски канцелар, додаде Корнелиус. Мерц го уверил Трамп дека 80 години по завршувањето на Втората светска војна, САД остануваат „неопходен пријател и партнер на Германија“. Во исто време, Мерц истакнал дека ЕУ и САД треба да се согласат за укинување на сите царини. „Не сакам да влеземе во отворена трговска војна“, рекол канцеларот. Тој, исто така, повикал на значително проширување на меѓусебното признавање на технолошките стандарди.
Брзо да се заврши војната во Украина
Мерц, исто така, го поддржал барањето на Трамп дека војната во Украина мора брзо да заврши. „Русија сега мора да се согласи на прекин на огнот за да се создаде простор за преговори“, рече портпаролот. Трамп ветил дека „силно“ ќе ги поддржи напорите на Германија да се стреми кон траен мир заедно со Франција, Велика Британија, Полска и други европски партнери. Според Корнелиус, двајцата се согласиле на оддржување „блиски односи и најавиле меѓусебни посети на САД и Германија“.
Мерц разговарал и со Зеленски
Во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, канцеларот пак ѝ вети на земјата натамошна поддршка во одбраната од руската агрессорска војна. И двајцата, исто така, им оддадоа признание на „посредничките напори“ на Трамп во војната во Украина, рече владиниот портпарол Корнелиус.
Мерц нагласил „дека Германија ги поддржува овие напори во тесна соработка со Франција, Обединетото Кралство и европските партнери“. Ова вклучува помагање на Украина ефикасно да се одбрани од руската агресија и „вршење притисок врз Русија“, продолжи владиниот портпарол. Мерц и Зеленски се заеднички констатирале дека „дека Русија мора да се согласи на прекин на огнот“.