Триесетгодишниот Игор Стоименов од Кочани, кој беше меѓу повредените во дискотеката „Пулс“, речиси цела година не ќе смее да излезе од дома. Сончевата светлина може да биде погубна за неговите раце, каде има изгореници од втор и од трет степен. Педесет и четири дена се лекувал во клиничкиот центар во Белград, а веќе две недели е назад во родното Кочани.